Дали сте Ромео и Јулија во 21-иот век?

Приказната за Ромео и Јулија е прифатена како најромантична приказна во историјата. Но, тоа што не го знаете е дека приказната е всушност напишана како сатира да го исмева сето она што е погрешно со драматичните жртви што младите го прават во име на љубовта и романтиката.

dali-ste-romeo-i-julija-vo-21-vek-01.jpeg

Замислете дејството да се случува во денешно време. Во приказната Јулија има 13 години, а Ромео се претпоставува дека има околу 18 до 20 години. Сега замислете двајца тинејџери како толку непромислено испиваат отров затоа што нивните родители не им даваат да бидат заедно.

Сепак, Шекспир со причина ја напишал приказната како трагедија и нема триумфален завршеток.

Ваквото противење на сè во име на љубовта повеќе е будалесто отколку храбро.

Вакви ирационални романтични верувања нè тераат да правиме сериозно глупави грешки само за да ја спасиме љубовта. Ги идеализираме нашите жртви и ги правиме да изгледаат романтично.

Губиме дел од нашиот идентитет и играме улога на маченици во љубовта. До толку сме внесени во таа улога, што го потиснуваме нашето незадоволство во врската, само за да ја зачуваме и да останеме заедно додека смртта не нè раздели. И ова ви звучи многу романтично?

Романтичните жртви се идеализирани во нашето општество. Стандардот за успешни врски е овој: Ако врската завршила и некој не е емоционално истрошен и изнемоштен тогаш врската била голем неуспех.

Додека смртта не ни раздели звучи прекрасно, но кога ја ставаме нашата врска над сè, над нашите потреби, идеали и сè друго што ни е важно во животот, самите си креираме еден процес на застој во кој не можеме да растеме како личности, ниту ние, ниту нашиот партнер.

Губиме желба и потреба да се надокнадуваме и да станеме подобра личност затоа што идеално нашиот партнер мора да нè сака покрај сè и да остане со нас до крајот на животот. Стагнираме во животот и стануваме многу мизерни.

Ако не сме заслепени од верувањето дека треба да сме подготвени да направиме сè за да опстане љубовта, можеби и ќе можеме да забележиме кога е време да се стави крај на страдањето во врската. Понекогаш најдоброто нешто што може да го направиме за нас самите е да ја прекинеме врската која нè уништува во правилно време пред да направи непоправлива штета.

Во случајот со Ромео и Јулија, наивноста води до трагедија.

Некогаш љубовта е осудена на пропаст, независно дали живеете во 14-ти или 21-ви век. Љубовта не можете да ја чувате во вакуум далеку од било каков дофат и реалноста може многу брзо да ве стигне.

Затоа сакајте се, но немојте да бидете наивни и не дозволувајте некој да ја злоупотреби вашата спремност за пожртвуваност.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава