Никогаш повеќе не би си го губела времето со помлад дечко

Љубовта не познава граници, Годините се само бројка... колку пати сте ги слушнале овие реченици кога станува збор за љубов помеѓу двајца со драстична разлика во возраста?

Nikogas-povekje-ne-bi-si-go-gubela-vremeto-so-pomlad-decko-01_copy.jpg

И да, некои парови успеваат и покрај огромната разлика во години кои ги делат, но постојат и поинакви искуства кои ја откриваат другата страна од приказната.

Еве зошто генерално врските со голема разлика во годините меѓу партнерите (во кои момчето е помладо) не успеваат:

Приоритетите ви се различни

Помладите момци најчесто не се премногу фокусирани на својата кариера и не сакаат да поминуваат многу време со семејството. Главниот интерес е врзан со зборот авантура и секој тип на обврски кои го попречуваат времето исполнето со забава и адреналин не е пожелно.

За вас можеби идеалниот викенд значи да се остане дома, да се чита книга или немате никаков проблем дури и да треба да работите. Но, помладиот дечко едноставно не ја разбира реченицата – Не ми се излегува оваа сабота.

Го презира вашиот успех

Секој чекор во кариерата кој ви носи поголеми приходи и независност го дочекува со незадоволство и муртење. Длабоко во себе тој сака да бидете еднакви и да заработува и придонесува колку вас, но ваквите работите не се случуваат преку ноќ.

Ако фокусот му е насочен повеќе кон забавите, а помалку кон работата, на крајот само ќе ве презира поради вашиот успех и неговите несигурности.

Понекогаш врската потсетува на онаа во средно училиште

А, тоа заврши одамна. Слушате некои шеги на кои не можете да им го најдете крајот, чекате да заврши со играњето видео игри, а веќе сте подготвени за излегување... малку по малку сфаќате дека ова темпо и овој однос не ви одговараат. Па зошто би си го губеле времето?

Почнувате да се однесувате како мајка...

... наместо како девојка. Сметате дека неговата незрелост и неодговорност лесно може да се поправат, па првиот инстинкт е да го научите.

Учтиво го замолувате да помогне со некои обврски или го насочувате кон подобар избор на работа. На крајот тие суптилни совети се претвораат во фрустрирано кенкање од ваша страна. Чувствувате дека сте онаа „лошата“ во врската и снемувате енерија за справување со проблемите.

Друштвата не ви се компатибилни

Ниту вие може да се пронајдете во неговото друштво, ниту тој во вашето. Тој смета дека сте по малку досадни и здрвени, вие мислите дека премногу лудуваат и се несериозни.

Двајцата сметате дека друштвата не ви се доволно кул и мразите да излегувате со нив. А врската за жал вклучува многу повеќе од само двајца луѓе во една соба.

Подобро се согласува со вашиот помал брат

Се дружат, забавно и пријатно им е кога се заедно. Имаат заеднички интереси, интерни шеги. Кога гледате колку му е пријатно покрај луѓе на негова возраст, сфаќате дека тој не е чуден, ниту пак вие, туку разликата во годините си го прави своето.

Тој не сака сериозни обврски

Не размислува за брак, и тоа е сосема во ред. Но, доколку вие сакате нешто посериозно време е да престанете да се лажете, да бидете фер и да ги отворите картите. Никој не заслужува да му го губат времето.

Не сакате да му ја скратувате слободата

Сé што во тој ужива, сите излегувања, забави, луди одмори, вие веќе сте го поминале тоа. Фер ли е да му го скратите, форсирајќи го присилно да порасне? Подобро најдете некој кој ќе биде целосно среќен покрај вас, како и вие покрај него.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...

Најчитани неделава