5 работи кои со текот на времето стануваат голем проблем во врската

Можеби на почетокот нема да ви пречат, но... По неколку месеци ќе сфатите дека работите нема да функционираат во иднина.

5-raboti-koi-so-tekot-na-vremeto-stanuvaat-golem-problem-vo-vrskata-1.jpg

Веројатно сите размислуваме и посакуваме нешто да се промени во врската, но ако тоа се ситници, сосема е нормално и дозволено.

Освен ако не се работи за овие 5 промени:

1. Нечии излегувања

Спротивностите се привлекуваат, велат. Но, тоа што едниот од вас сака мирни собиранки дома, а другиот излегувања до 5 наутро, веројатно не е она на што се мисли. Со текот на времето на некој ќе почнат да му пречат излегувањата или седењето дома.

2. Деловните цели

Некои луѓе ќе направат сè за да им се доближат на деловните цели и идеи, додека други ќе седат со скрстени раце и ќе гледаат како шансите ги одминуваат. Без оглед на тоа во која група припаѓате, ќе мора да ги вклопите работите етики. Ако мразите колку едниот работи или колку другиот е незаинтересиран, верувајте дека во понатамошниот живот тоа ќе прерасне во сериозен проблем.

5-raboti-koi-so-tekot-na-vremeto-stanuvaat-golem-problem-vo-vrskata-2.jpg

3. Ставот за деца

Можеби во овој момент не мислите на деца, но ова прашање е како темпирана бомба, замотана во слатко меко ќебенце. Па, ако не се сложувате при првиот разговор на тема деца – кога и дали да ги имате, завртете се на време.

4. Нечие минато

Ако на почетокот не можете да се носите со нечие минато, не се обидувајте да ја продлабочите таа врска. Сомнежите ќе ве изедат однатре.

5. Драстично различни желби за секс

Луѓето имаат многу различни сексуални очекувања и желби и тоа е во ред. Но, ако никако не наоѓате компатибилност, тоа со тек на време ќе доведе и до други посериозни проблеми.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава