Жени откриваат: Која е првата работа што ја направив после разводот?

Некои разводи се спогодбени и се завршуваат мирно. Oд друга страна, има и парови на кои малку им фали, за да прејдат линијата на разумноста.

zheni-otkrivaat-koja-e-prvata-rabota-shto-ja-napraviv-posle-razvodot-1_copy.jpg

Постојат мноштво филмови, серии и раскажани приказни кои покажуваат како разводите се завршуваат, но како е навистина?

Што е тоа кое на жените прво им паѓа на ум кога конечно сè ќе се заврши?

Кога веќе и официјално не се во брак со мажот за кого мислеле дека ќе им биде партнер до крајот на животот?

Во продолжение, прочитајте сè што открија неколку разведени жени:

„Кога сè се заврши, појдовме со најдобрата другарка на долга прошетка. Попатно, застанавме на еден мост, од каде ја фрлив сета документација што се однесуваше на бракот. Потоа се вративме дома, се пресоблековме и излеговме да се забавуваме.“

„Се зачленив во теретана и го доведов своето тело во топ форма. Никогаш не сум имала проблем со килограмите, ама на бившиот никогаш не му бев доволно добра. Сега си ја изградив самодовербата, но и мускулите!“

„Отидов до река и ја фрлив бурмата во неа.“

 „Си ставив пирс на папокот и спиев со еден од неговите пријатели.“

„Си го вратив своето моминско презиме.“

„Кога завршивме со разводот, јас и мојот поранешен сопруг се допишувавме и  споделувавме емотивни пораки, за да го одбележиме денот. Не беше пријатно, но знаевме дека тоа е вистинското нешто. Тој дури и ни плати хотелска соба истата вечер, мене и на мојата пријателка.“

„Се запишав на часови по боречки вештини. Страшно многу зајакнав и веќе учествував во неколку борби.“

„Бев заробена во лош брак цели 23 години, а на моето лице јасно се гледаше незадоволството. Штом се разведов, отидов на фејс-лифтинг за да се разубавам, па продолжив со новиот живот. Сега сум многу среќна.“

 „Скокнав со падобран. Иако се плашам од висина, тој скок ми го означи новиот почеток, но и ми помогна да заборавам низ што сè поминав.“

„Мојот бивш сопруг и јас отидовме на заеднички појадок. Иако бевме во шок, чувствувавме олеснување затоа што сè беше готово. И бевме гладни. И ден-денес се дружиме одвреме-навреме.“

„Си купив нов автомобил!“

„Отидов на кафе и се присетував на добрите и лошите моменти во нашиот брак. Се чувствував невообичаено силна.“

„Конечно направив нешто без ничија дозвола. Излегов со другарките во друг град. Не е голема работа, но јас се чувствував неверојатно слободна.“

„Плачев. Штом разводот помина, сè стана некако реално: толку изгубени сништа и прекршени ветувања. Се чувствував како да сум станала уште една статистика. Но, понекогаш, добриот плач е токму тоа што ви е потребно за да ја подигнете главата и продолжите понатаму.“

Што најпрво би направиле вие?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава