7 фрази кои може за миг да ви ја уништат врската

Кога ќе ве понесат емоциите, се случува на партнерoт да му кажете и работи, за кои често уште веднаш ќе се покаете. Притоа, предоцна ги забележуваме последиците што неумесните зборови ги оставиле како трага, а сосема нормално е тој или таа да бидат повредени, но и љубовта меѓу вас да згасне.

7-frazi-koi-mozhe-vo-mig-da-vi-ja-unishtat-vrskata-1.png

Како би го избегнале повредувањето на партнерот со избрзани и непромислени зборови, а со тоа и изложите љубовниот однос на ризик, потребно е свесно да размислувате за формулациите на речениците во текот на кавгите.

Во продолжение, ви ги посочуваме речениците кои се апсолутен „отров“ за секоја врска, но и како може да ги избегнете. Подобро е во себе да изброите до десет, пред да го кажете она за што набрзо ќе зажалите.

7-frazi-koi-mozhe-vo-mig-da-vi-ja-unishtat-vrskata-2.jpg

Особено следните седум фрази, кои може и тоа како да ја повредат другата страна:

1. Прави што сакаш!

Подобро кажете: Треба заедно да размислиме како понатаму.

2. Немам волја повеќе да разговарам со тебе.

Подобро кажете: Ќе разговараме за тоа подоцна.

7-frazi-koi-mozhe-vo-mig-da-vi-ja-unishtat-vrskata-3.jpg

3. Зошто мора секогаш да си толку комплициран/а?

Подобро кажете: Немој премногу да размислуваш за тоа.

4. Намерно го направи тоа!

Подобро кажете: Тоа сигурно беше грешка. Знам дека никогаш намерно не би ме повредил/а.

7-frazi-koi-mozhe-vo-mig-da-vi-ja-unishtat-vrskata-4.jpg

5. Без мене би бил/а никој и ништо.

Подобро кажете: Благодарам многу што сум ти секогаш на прво место.

6. Ти кажав.

Подобро кажете: Следниот пат ќе биде поинаку.

7-frazi-koi-mozhe-vo-mig-da-vi-ja-unishtat-vrskata-5.jpg

7. Никогаш не ми помагаш.

Подобро кажете: Без твоја помош нема да успеам.

М. А. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...
5 знаци дека не го привлекувате партнерот, според експерт за говор на телото Кога седите еден до друг, меѓу вас има повеќе простор од вообичаено и партнерот ...

Најчитани неделава