Девојки одговараат: Колку ми е важен статусот „во врска“ на социјалните мрежи?

Мислењата се поделени, но факт е дека споделувањето на љубовната состојба со виртуелните пријатели е тема за дискусија на многубројни парови.

devojki-odgovaraat-kolku-mi-e-vazhen-statusot-vo-vrska-na-socijalnite-mrezhi-1.jpg

Сакале тоа да го признаеме или не, социјалните мрежи поставија сосема нови стандарди во светот на љубовните односи. Еден од почестите проблеми на новите парови е и „верификувањето“ на врската на Фејсбук.

Запрашани да откријат колку ним им е важен статусот „во врска“ на социјалните мрежи, неколку припаднички на понежниот пол ги дадоа следните одговори:

„Мене ми е многу важно, затоа што сѐ денеска се случува на социјалните мрежи. Доколку на нив никаде не е назначено дека сте во врска, тоа испраќа порака дека можеби и не сте. Кај ваквите работи сакам сѐ да е транспарентно, како заради себе, така и за другите.“

devojki-odgovaraat-kolku-mi-e-vazhen-statusot-vo-vrska-na-socijalnite-mrezhi-2.jpg

„Важно ми е да се знае дека сум во врска (за да не ми здодеваат други и дечко ми да знае дека не се претставувам како сингл), ама никогаш немам објавено со кого сум во врска. Во секој случај, сметам дека е важно да објавите дека не сте слободни, од почитување кон другата особа.“

„Со дечкото сме заедно веќе 6 години, но никогаш не сме го објавиле статусот „во врска“. Тоа си е наша работа и сакаме така и да остане. Секако, имаше и луѓе кои нѐ прашуваа зошто тоа не го споделиме и на Фејсбук...како да е Фејсбук некое мерило за сериозност на врската.“

devojki-odgovaraat-kolku-mi-e-vazhen-statusot-vo-vrska-na-socijalnite-mrezhi-3.jpg

„Важно ми е, бидејќи имав дечко кој секогаш викаше дека тоа му е небитно, а подоцна дознав дека статусот „сингл“ баш многу му помогнал во освојувањето други жени. Ако сме заедно, тогаш не смее да биде проблем тоа и да го објавиме на Фејсбук.“

„Мислам дека луѓето премногу се оптоваруваат, некои и до таа мера што си ја уништуваат добрата врска, бидејќи се преоптоварени со називите и статусите. Важно е нам да ни е убаво, затоа што ако не ни е, не постои статус на Фејсбук кој ќе ги поправи нештата.“

devojki-odgovaraat-kolku-mi-e-vazhen-statusot-vo-vrska-na-socijalnite-mrezhi-4.jpg

Кое е вашето мислење на оваа тема? Споделете го со нас во коментари!

 М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава