5 работи за кои треба да разговарате со партнерот пред да се верите

Уште не сте ни верени, но веќе си имате одбрано прстен и си ја планирате свадбата во глава до најмал детаљ.

5-raboti-za-koi-treba-da-razgovarate-so-partnerot-pred-da-se-verite-01.jpg 

Тоа е нормално ако вие и вашиот партнер сте подолго време во сериозна врска и гледате дека работите одат кон тоа.

Но, иако двајцата го делите истото мислење и сакате наскоро да се венчате, сепак треба да се посветите и на некои попрактични и посериозни работи околу тоа, наместо само на прославата.

Овие разговори и теми не се толку интересни како декорирањето и храната, но дефинитивно треба заедно да ги одлучите ако планирате во брзо време да ја крунисате љубовта:

Локација

Сега можеби ви е романтично да се стуткате и во еден мал кревет и една мала соба ви е сосема доволна за живот, но треба да почнете да размислувате долгорочно на заедничкиот живот. Зборувајте за тоа каде може да живеете, во кој дел од местото каде што живеете сега или пак ако некој од вас сака да живее и надвор од државата. Решете ги тие работи на време.

Деца

Не, не само дали ги сакате. Туку ако ги сакате, кога ги сакате и колку сакате. Избегнете ги изненадувањата од типот, следниот ден по свадбата вашиот партнер да посака деца веднаш, а вие сакате уште 5 години да живеете сами.

Презиме

Немојте да дозволите да се случи во матичното на денот на свадбата кога ќе ве прашаат дали сакате да го земете неговото презиме, вашиот партнер на лице место да дознае дека вие сакате да го задржите само вашето. Не треба да чекате до последен момент за тие работи за кои треба заедно да се договорите.

Религија и верувања

Дури и ако сте од иста религија, сепак може да постои разлика во верувањата и начинот на кој секој од вас растел, а тоа потоа може да се одрази на вашето секојдневие, на вашите заеднички навики, на прослава на празници, а секако и на воспитувањето на вашите деца во иднина.

Финансии

Парите се најчувствителна тема од сите останати. И тоа е причината поради која мора да знаете колку што е можно повеќе еден за друг, за вашите навики на трошење, цели и секако, долгови.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава