Дали треба да се соочите со личноста со која вашиот партнер имал афера?

Познатите парови често се фотографирани како изгледаат беспрекорно среќни и потоа нивните разделби доаѓаат како големо изненадување.

dali-treba-da-se-soochite-so-lichnosta-so-koja-vashiot-partner-imal-afera-01

Таков беше случајот и со актерите Бен Афлек и Џенифер Гарнер, кои беа во брак 10 години и имаат три мали деца.

Кога го најавија разводот во 2015 година (барањето за развод го поднесоа во април годинава) никој не знаеше што тргнало на лошо во нивната врска, но имаше гласини дека Бен имал афера со дадилката. 

Сепак други извори тврдат дека Бен уште од 2013 година започнал да се гледа со ТВ продуцентката Линдзи Шукус (37) со која сега јавно е во врска. Наводно Џенифер во 2015 дознала за аферата и се соочила со Линдзи.

Да се биде измамен дефинитивно е кршење на срцето, но дали да се соочите со другата жена е здрав и продуктивен процес?

Според докторката и експерт за врски Џејн Грир од Њујорк, апсолутно „НЕ“. Таа објаснува:

„Конфликтот е помеѓу вас и вашиот партнер, не другата жена. Ако ништо друго, прекинете секаква идна комуникација со неа. Целта е да нема нејзина вмешаност.“

Сепак Грир вели дека правилата се менуваат ако станува збор за афера со блиска пријателка или роднина.

Тогаш станува неопходно да ѝ се обратите директно на неа, бидејќи најверојатно во животот ќе продолжите да имате комуникација со таа личност, без разлика дали е средба на свадба или семеен настан. Сторете го тоа со директен и смирен разговор.

„Кажете нешто како: „Се чувствувам толку изневерено и повредено од твојата постапка. Како можеше да ми го сториш тоа на мене?“. Откако ќе го адресирате предавството, видете дали чувствува каење и најважно дали покажува емпатија и грижа при извинувањето (ако го понуди).

Овој тип на соочување ќе ви помогне да заздравите и да се справите со идните средби на патот со оваа личност. Доколку се работи за странец неговото каење не е важно затоа што најверојатно нема да го видите никогаш повеќе во животот“.

Поважно отколку соочувањето со другата личност е работењето на разјаснување на работите со вашиот партнер и пронаоѓањето начин како да продолжите понатаму, без разлика дали заедно или по одделни патишта.

„Најважната работа во закрепнувањето по неверство е вербата дека вашиот партнер навистина се кае и искрено се извинува за тоа што го сторил, дека се обврзува да ја изгради вашата доверба повторно и дека е подготвен да се справува со сета болка и повреда што ви ја нанел, така што ќе ве слуша кога ќе зборувате за тоа и ќе го изразува своето каење и ќе ви демонстрира добро однесување полно љубов“, додава Грир.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава