5 замки на манипулаторите: Не сака драми, а од животот ќе ви направи пекол

Какви тактики користат овој тип на партнери во љубовните врски? Што зборуваат, а што навистина прават?

5-zamki-na-manipulatorite-ne-saka-drami-a-od-zhivotot-kje-vi-napravi-pekol-1.jpg

Петте замки на манипулаторите, кои ако не ги препознаете навреме, ќе ви направат вистински пекол од животот се:

1. „Не сакам драма.“

Често истакнуваат дека презираат драми, а во суштина, ним животот им е полн токму со такви моменти.

5-zamki-na-manipulatorite-ne-saka-drami-a-od-zhivotot-kje-vi-napravi-pekol-2.jpg

2. Ве ставаат на пиедестал

Ќе ве фалат, опсипат со внимание и возвишат на тронот, како би се чувствувале посебно. Но, ваквиот тип на партнери речиси секогаш прават интриги, настрана и во тајност. Притоа, тие се и одлични глумци, а посебно добро ја играат улогата на постојани „жртви“.

5-zamki-na-manipulatorite-ne-saka-drami-a-od-zhivotot-kje-vi-napravi-pekol-3.jpg

3. Вие сте проблемот

Тие знаат како да ве изманипулираат, за во секој миг да почувствувате дека вие сте причината за сите нивни проблеми и фрустрации. Со други зборови, вината никогаш не лежи во нив, туку во вас. Дури да трепнете, обвинението ќе пристигне на ваша сметка. Се разбира, „криви се“ и вашите пријатели и семејството, кои секогаш „имаат нешто против нив“.

5-zamki-na-manipulatorite-ne-saka-drami-a-od-zhivotot-kje-vi-napravi-pekol-4.jpg

4. „Пречувствителна си!"

Уште една фраза, која често ќе ја слушнете од устата на нарцисоидните и манипулативни партнери. Ќе ве уверат дека сѐ сте преувеличиле, како и дека тие немаат поим што точно се случува. А, секако, тоа ќе го припишат на вашата претерана „чувствителност“.

5-zamki-na-manipulatorite-ne-saka-drami-a-od-zhivotot-kje-vi-napravi-pekol-5.jpg

5. „Што ќе правиш ти без мене...“

Целта им е да ве убедат дека без нив сте никој и ништо, како и дека не би умееле да продолжите понатаму со животот, доколку не ги имате покрај себе. Но, само запрашајте се - како живеев додека тој не беше тука? Токму така, а сега сте уште и позрели и попаметни.

5-zamki-na-manipulatorite-ne-saka-drami-a-od-zhivotot-kje-vi-napravi-pekol-6.jpg

Сте имале ли ваков тип на партнер покрај себе? Кое е вашето искуство?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава