Најчести грешки поради кои жените ги пропуштаат добрите момци

Жените најчесто се жалат дека не можат да најдат нормално момче и се прашуваат каде исчезнаа добрите фраери.

5-greshki-poradi-koi-zhenite-gi-propushtaat-dobrite-momci-01.jpg

Но, понекогаш се случува да ги пропуштат токму поради нивното однесување.

Дами, ова се најчестите грешки што ги правите додека чекате добриот фраер да ви „падне од небо“:

Сакате само еден тип на маж

Нема ништо лошо во тоа да си поставите критериуми, но не бидете премногу пребирливи. Во одреден момент, преиспитајте што е она што го барате кај еден маж и ако треба, променете ја листата.

Запрашајте се што ви е навистина важно и дали би одбиле некој маж поради некоја не толку значајна ситница.

Го чекате совршениот

Сите жени сонуваат за живот со совршениот маж, но времето минува, а совршениот маж сè уште не е дојден.

Кога некого вистински сакаме, можеме да ги прогледаме низ прсти неговите маани и несовршености, па по некое време тие ни стануваат и симпатични.

Одбивате да излезете со друштво

Шансите дека добриот фраер ќе ви тропне на врата некој ден се минимални, иако постојат такви ненадејни љубовни приказни. Ако сакате да запознаете некој, излегувајте повеќе.

Дури и да не ви се излегува, веројатноста да налетате на добро момче е поголема кога не сте дома.

5-greshki-poradi-koi-zhenite-gi-propushtaat-dobrite-momci-02.jpg

Влегувате од врска во врска

Во процесот на барање момче треба да си го следите срцето, но бидете реални и разумни и размислувајте со мозокот. По раскинувањето, поминете време сами со цел да ја преболите претходната врска.

Слепо влетување од една во друга врска нема да ви донесе ништо добро, туку уште повеќе ќе си го изгубите сопствениот идентитет.

Не сакате да го направите првиот чекор

Доста е веќе со тие стари правила дека мажот е тој што треба да го направи првиот чекор. Ако некој ви се допаѓа, покажете го тоа. Бидете искрени кон себе и кон него.

Додека се држите до правилата и имате предрасуди, ги пропуштате добрите момци, па тоа не вреди да го правите повеќе.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава