Љубовни стереотипи заради кои не сте среќни

Понекогаш на сите ни се потребни љубовни совети и некои од нас ги бараат кај најблиските, а други пак, читаат совети онлајн.

5-stereotipi-za-vrskite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-01.jpg

Но, на крајот сите се соочуваат со проблем – има толку многу работи за љубовта и врските во кои луѓето веруваат, што веќе не може да се знае што е вистина, а што не.

Некои факти кои сте ги прочитале или слушнале, може да се целосно неточни и само да предизвикаат полошо чувство кај вас.

Така на пример, овие 5 стереотипи во кои многумина веруваат, треба веднаш да ги заборавите:

1. Мора да постои страст на почетокот

Не сите врски започнуваат со страст и љубовни искри. Понекогаш не треба да посветувате внимание само на тоа, туку и на чувството на безбедност и удобност кое го имате покрај личноста.

За силна врска многу е поважно да имате добар однос, да се забавувате и да си верувате еден на друг. Не е сѐ во романтичните вечери.

5-stereotipi-za-vrskite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-02.jpg

2. Среќните парови имаат исти интереси

Секој човек има свои лични интереси и хобија. Не мора да значи дека ако вие сакате опера, а вашиот партнер сака екстремни спортови, дека ќе немате за што заедничко да зборувате.

Напротив, личните интереси ќе ве направат попривлечни во очите на партнерот и ќе разговарате и разменувате различни мислења и искуства кои ќе ги прифатите.

5-stereotipi-za-vrskite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-03.jpg

3. Среќните парови никогаш не се караат

Луѓето кои никогаш не се расправаат, најчесто не се заинтересирани за врската. Паровите кои немаат никакви проблеми многу ретко остануваат заедно.

Секако, тоа не значи дека треба секој ден да имате расправии и да се навредувате, но малите кавги никому не пречат. Тие се дел од секоја врска, а на тој начин со партнерот си ги искажувате мислењата и потоа смирено ги решавате проблемите.

Смирувањето е исто така убав дел од врската.

5-stereotipi-za-vrskite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-04.jpg

4. Среќните парови ги сакаат роднините и пријателите на партнерот

Не очекувајте дека вашиот партнер безусловно ќе ги сака и обожава вашите роднини и пријатели. А исто така и вие неговите. Важно е вие да се сакате, а останатите е доволно да ги почитувате.

Сите луѓе се различни и нормално е дека не може сите да ви бидат омилени. Сепак разговарајте за ова и обидете се никој да не биде навреден и непочитуван.

5-stereotipi-za-vrskite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-05.jpg

5. Среќните парови секогаш се заедно

Ако мислите дека паровите кои се среќни се неразделни и сѐ прават заедно, се лажете. Порано или подоцна, на секој човек му е потребно време за себе и за своите пријатели.

Во хармонична врска, партнерите го разбираат ова и си даваат простор еден на друг. Тоа не значи дека престанале да се сакаат еден со друг, напротив тоа помага да се зацврснат чувствата и да се внесе свежина во врската.

5-stereotipi-za-vrskite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-06.jpg

Бонус

Многупати кога станува збор за совршен пар, се поистоветуваме со филмовите. Но, тие не се баш реални. Запомнете го ова кога ќе ги забележите недостатоците на вашиот партнер. Тие го прават човекот реален!

5-stereotipi-za-vrskite-vo-koi-treba-da-prestanete-da-veruvate-008.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Што го предизвикува болниот секс кај мажи и жени + како да ја намалите болката? Сексот може да биде болен и за мажите и за жените, а за тоа постојат повеќе прич...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg