Силни жени откриваат: Со што го преплашив партнерот?

Секоја силна и независна жена, барем еднаш се нашла во ситуација, кога било сосема јасно дека на одреден начин - го престрашила мажот со кого е во врска. А, ова се нивните признанија како точно го направиле тоа.

jaki-zheni-otkrivaat-so-shto-go-preplashiv-partnerot-1.jpg

Запрашани да откријат со што најмногу го исплашиле љубовниот партнер, неколку припаднички на понежниот пол ги дадоа следните одговори:

„Знаев дека сакам сериозна врска. А, кога после две години забавување, го запрашав каде води нашиот однос и какви ни се плановите за иднината, веќе немаше иднина. “

„Му пречеше фактот дека многу работам и дека сум добра во тоа што го работам. И тој самиот беше добар во својата работа, но секогаш се чувствуваше дека би му било подраго доколку јас сум малку помалку успешна од него.“

jaki-zheni-otkrivaat-so-shto-go-preplashiv-partnerot-2.jpg

„Прво, го обожаваше тоа што можам да ја насмеам неговата екипа на пријатели. Но, со тек на време, престана да му биде симпатично, бидејќи секоја нивна смеа на моите шеги, ја толкуваше како обид за одвлекување на вниманието од него. Сѐ се заврши така што ми кажа дека сум премногу гласна и дека треба да се однесувам повеќе како дама.“

„Мојата диплома од почеток му беше проблематична, затоа што тој се откажал од факултетот. Мене тоа не ми пречеше. Но, ми пречеше тоа што секој пат кога ќе употребев некој малку посериозен збор, тој ќе почнеше да се подбива на моето образование. Се разбира, фразата „ти мислиш дека си попаметна од мене бидејќи имаш факултет“ му беше еден од главните аргументи во секоја расправија.“

 jaki-zheni-otkrivaat-so-shto-go-preplashiv-partnerot-3.jpg

„Го застрашуваше фактот дека сум во добар однос со бившите, како и дека мојот поранешен дечко е многу повисок од него. Пред крајот на врската, константно ме прекоруваше за тоа.“

„Ми говореше дека сум преубава за него и дека е само прашање на време кога некој ќе ме украде. На почетокот беше симпатично, но подоцна се претвори во страшни љубоморни испади, секој пат кога ќе ми се обратеше некој маж.“

jaki-zheni-otkrivaat-so-shto-go-preplashiv-partnerot-4.jpg

Кога ги читаме нивните приказни, може само да кажеме дека ни е мило што вистинските мажи никогаш не се плашат од жените. Ова се, сепак, само незрели и детинести „момчиња“.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...

Најчитани неделава