Магнет за лоши фраери: 5 причини поради кои се лепат за вас

Ако често се прашувате како незгодните момци секогаш ве пронаоѓаат токму вас, време е да го дознаете одговорот.

magnet-za-loshi-fraeri-5-prichini-poradi-koi-se-lepat-za-vas-1.jpg

Еден не е спремен за врска, вториот е спремен за врска, но не и за моногамија, а третиот ве завлекува неколку години, за на крајот да се ожени со друга. 

Каков и да е тип на лош фраер во прашање, сите завршуваат на ваша адреса.

Доколку таквите момци секогаш успеваат да ве „пронајдат“ баш вас, тогаш вистинското прашање е: дали проблемот е навистина во нив?

Кога подобро ќе размислите, поголема е веројатноста дека сами „паѓате“ на таквите ликови, а причините се следните:

1. Се плашите да бидете сами

Па, поради страв од осаменост, секогаш им давате шанса на мажи кои никако не ве заслужуваат. Многу е поздраво да се биде сам, отколку во „врска“ со некој што нималку не ве цени.

magnet-za-loshi-fraeri-5-prichini-poradi-koi-se-lepat-za-vas-2.jpg

2. Сакате да ги поправате луѓето

Едно е да му дадете шанса на некој што не е совршен, а сосема друго е континуирано да бирате мажи кои сакате да ги поправите, бидејќи нешто им фали. На таквите често им недостасува и потребата да бидат добри кон личноста на која ѝ значат.

magnet-za-loshi-fraeri-5-prichini-poradi-koi-se-lepat-za-vas-3.jpg

3. Имате синдром на „грдо пајче“

И мислите дека едноставно не заслужувате некој што ќе биде добар кон вас, односно дека не можете подобро од фраерот кој ви нанесува само болка.

magnet-za-loshi-fraeri-5-prichini-poradi-koi-se-lepat-za-vas-4.jpg

4. Мислите дека МОРА да бидете со некој

Голем број на жени влегуваат во врска, само затоа што не сакаат да ги сметаат за чудни или непосакувани. Ако ви е помалку важно каков е мажот, а многу поважно да имате некого, во својот живот ќе пуштите многумина ликови, кои во суштина би требало да ги исфрлите од него.

magnet-za-loshi-fraeri-5-prichini-poradi-koi-se-lepat-za-vas-5.jpg

5. Страв ви е да го барате тоа што го заслужувате

Дури и ако знаете дека заслужувате подобро, ништо не ви значи, доколку се плашите да инсистирате на тоа. Само е знак дека ви недостасува самодоверба, а кога им допуштате на другите да ве третираат лошо, тешко е дека некогаш и ќе ја имате.

magnet-za-loshi-fraeri-5-prichini-poradi-koi-se-lepat-za-vas-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава