5 знаци дека сте во најдобрата врска досега

Доколку некогаш сте го преиспитувале својот однос со партнерот, обрнете внимание на неколку детали, кои ќе ви откријат дали во врската навистина ви „цветаат рози“.

5-znaci-deka-ste-vo-najdobrata-vrska-dosega-1.jpg

Луѓето брзо се навикнуваат на сѐ и сешто. Поради тоа, не забележуваат колку всушност им е генијално во врската – бидејќи веќе се навикнати.

Сепак, вистинско време е да го пренасочите вниманието на малите, но значајни работи, кои иако неприметно, сепак мошне веродостојно покажуваат дека уживате во совршена љубовна приказна.

5-znaci-deka-ste-vo-najdobrata-vrska-dosega-2.jpg

А, петте знаци дека сте во најдобрата врска досега се:

1. Веќе не го вовлекувате стомакот

На сите нам ни се добро познати ситуациите, кога максимално се трудите да изгледате занесно во очите на спротивниот пол. Во секоја положба и во секој момент. А, притоа, ниту покажувате баш потполно какви сте, ниту пак, кои навистина сте. Кога со партнерот можете да бидете „100% свои“ (и во боксерки, со разбушавена коса или трошки од чипс по градникот и стомакот), а тој смета дека сѐ уште – или баш во тој момент – сте прекрасни, сте освоиле џекпот!

5-znaci-deka-ste-vo-najdobrata-vrska-dosega-3.jpg

2. Можете да уживате сами и тоа не е проблем

Во можност сте да се опуштите сами по дома, да направите „тура“ со другарките низ градските кафулиња и клубови, или, пак, да отидете негде за викенд со најдобрата пријателка? Притоа, партнерот не ви замерува што уживате во слободата, а ни вие нему, кога обајцата ќе изразите желба? За тоа, повеќето парови може само да сонуваат.

3. Партнерот ве поттикнува на дејства кои се добри за вас

Имањето некој што ќе ви говори: „Ајде, можеш ти!“ или „Секако дека ќе успееш!“, е непроценливо. А, да имате покрај себе личност која ви помага да ги совладате евентуалните стравови, ве поттикнува на позитивни дела и генерално ви дава огромна поддршка во животот, пак, претставува најдоброто нешто кое што може да ви случи во врската.

5-znaci-deka-ste-vo-najdobrata-vrska-dosega-4.jpg

4. Подобро се разбирате - секој ден и во секој поглед

Секој нов ден ви открива, колку всушност вие имате заеднички работи кои ве обединуваат и поврзуваат, па од час во час, од минута во минута – станувате сѐ подобар и подобар тим. Секако, за квалитетна врска е потребно и многу труд, но кај вас, очигледно е дека тој вродува со плод.

5. Не процветал само вашиот љубовен живот...

Кога одредено време ќе живеете со саканата личност во врска – а таа ве мотивира, помага да растете, да напредувате, ви дава поддршка на сите фронтови и ве усреќува, тоа ќе се покаже како добробитно и во сите останати полиња на животот. Ќе процутите и на работа, во односот со најблиските, но и кон самите себе.

5-znaci-deka-ste-vo-najdobrata-vrska-dosega-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава