Бракот ви е во сериозна криза доколку сопругот постојано кажува 6 реченици

Во моментот кога комуникацијата и почитувањето со вашиот сопруг ќе почнат да се губат, време е да се загрижите за иднината.

brakot-vi-e-vo-seriozna-kriza-dokolku-doprugot-postojano-kazuva-6-recenici-1.jpg

За долготрајниот и среќен брак неопходно е да се разбирате, да се почитувате и да го мислите она што го кажувате.

Па, ако забележите дека сопругот зачестено ви ги кажува следниве 6 фрази, ситуацијата е алармантна:

„Здодевно ми е“

Дали е среќен со рутината во која сте западнати? Веројатно не. Важно е да одвреме навреме да правите нешто поинакво, поразлично, непредвидливо. На овој начин ја зајакнувате емотивната поврзаност.

„Никогаш не разбираш што ти велам“ / „Не ме разбираш“

Мажите и жените се тотално спротивни и тоа е во ред, па така, комуникацијата честопати може да биде комплицирана. Но, ако одеднаш почнува да потенцира дека не го разбирате или не сакате да го разберете, време е повнимателно да го слушате.

„Никогаш нема да се промениш“

Промената е тешка. Но, ако сопругот упорно ви тврди дека сте неспособни за промена, разговарајте за она за што упорно не се согласувате. Можеби компромисот ќе ве задоволи и двајцата. Важно е да разговарате.

„Зошто не си како...?“

Споредбите ја уништуваат дури и најцврстата врска. Па, ако сопругот константно ве споредува со неговата мајка, пријателка или сестра, сфатете дека не ве цени. Потоа добро размислете што понатаму.

„Веќе не си истата личност во која се заљубив“

Физички, емотивно и интелектуално се менуваме со текот на годините. Па, ако сопругот не е среќен со фазата во која сте моментално, потрудете се да му воочите дека и тој не е истиот човек од пред неколку години. Научете да растете заедно.

„Како сакаш“

Ова е знак за недостаток на интерес. Индиферентноста ја убива секоја желба, страст и љубов. Посочете го тоа и разговарајте пред да биде доцна.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава