Знаци кои покажуваат дека мажот кој ви се допаѓа има сериозни намери со вас

Дали тој е вистинскиот? Ова е прашањето кое многу девојки и жени си го поставуваат во одреден период од животот кога сакаат да ја најдат љубовта на својот живот.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-mazhot-koj-vi-se-dopagja-ima-seriozni-nameri-so-vas-01.jpg

Кога ќе стигнете до тој момент, одлично време е да си поставите и цели за вашиот љубовен живот и да научите како да го препознаете мажот со кој сакате да бидете понатаму.

Како да дознаете дека и тој е заинтересиран да најде некој на кој ќе се довери, ќе биде независен и со кој ќе може да разговара за сѐ и секако да добие поддршка и разбирање.

Има неколку клучни знаци со кои ќе знаете дека мажот со кој се гледате е „материјал за сериозна врска“:

1. Тој може финансиски да се грижи за себе и за вас

Мажот е самоуверен, сигурен и подготвен за сериозна врска, кога се чувствува независно и финансиски стабилно. Тој поминал долго време градејќи карирера и сега е време да инвестира во врската и љубовта.

Секако дека и другите мажи се вредни, но ако тукушто почнале да се качуваат по скалата кон емоционална и финансиска сигурност, најверојатно ќе мора да бидете екстремно трпеливо додека се движи по овие фази.

2. Тој го прави тоа што кажал дека ќе го направи – секојпат без исклучок

Човек кој е способен за долга врска има интегритет и како резултат на тоа неговите зборови и дела си одговараат и се поврзуваат. Тој се јавува кога ќе каже дека ќе се јави и ги исполнува ветувањата кои ги дава.

Ова е еден од клучните знаци дека мажот е вреден и е потенцијален кандидат за сериозна врска. Јасно е дека е подготвен.

3. Доста му е од играње детски игри

Тој не се однесува како незрело момче и не чека девојката да му се јави или после една вечер да исчезне засекогаш. Тој е заинтересиран и упорен, а истото го очекува и од вас.

4. Тој знае како да ги искаже неговите чувства директно

Ако тој има сериозни намери со вас, нема да манипулира или да ве критикува и осудува. Ниту пак ќе чека на вас за првиот чекор. Кога има потреба или мисли дека треба да се разговара за нешто, тој не се двоуми и прв почнува.

Исто така, тој е искрен и отворено ги кажува неговите потреби за поминување време со пријатели, семејство, одење во теретана (сам) итн. Тој очекува дека вие ќе ја разберете неговата независност.

5. Тој е сингл

Секако, една од најважните работи за започнување сериозна врска со некого, е тој да биде сингл. Тоа значи дека тој е емоционално стабилен и ќе биде посветен само на вас.

Плус, не мора да се крие од никого, да го делите со некого, а и самото тоа што тој изневерува некој друг, кажува лошо за него.

6. Тој не очекува физичка интимност пред да бидете подготвени

Иако сте му привлечни и му се допаѓате, ако тој има сериозни намери со вас, нема да очекува ништо повеќе уште на втората средба. Тој ќе ја почитува вашата одлука, но не го злоупотребувајте тоа.


Накратко, мажот кој е „материјал за сериозна врска“ е зрел, самоуверен, не се плаши од ранливост и се чувствува пријатно кога станува збор за обврска.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...

Најчитани неделава