Врши прељуба, а вас ве обвинува: Како да препознаете неверен партнер?

За жал, неверството не е невообичаена појава во љубовните врски. За голем дел од нив, другата страна никогаш и не дознава. Впрочем, понекогаш се случуваат баш во мигот кога сте убедени дека во вашиот однос цветаат рози. Сепак, постојат неколку знаци кои честопати го издаваат прељубникот.

vrshi-preljuba-a-vas-ve-obvinuva-kako-da-prepoznaete-neveren-partner-1.jpg

Шесте знаци на кои треба да обрнете внимание, бидејќи го разоткриваат неверниот партнер, се:

1. Сексуалниот живот ви е непостоечки

Кога со партнерот имате помалку сексуални односи од вообичаеното, не мора  нужно да значи и дека ви се случува нешто страшно во врската.

Меѓутоа, доколку воопшто немате секс, тогаш дефинитивно има зошто да бидете загрижени.

Ако не во прашање депресија или голем стрес, експертите истакнуваат дека причина за таквото однесување на вашиот партнер, може да биде фактот што сета „акција“ ја добива на друго место.

vrshi-preljuba-a-vas-ve-obvinuva-kako-da-prepoznaete-neveren-partner-2.jpg

2. Го крие мобилниот телефон (или сосема спротивното)

Во минатото, неговиот телефон не бил заштитен со еден куп шифри и лозинки, везден на бесшумен режим, со екранот свртен кон долу, постојано во џебот, или, пак, непрекинато во неговите раце. А, одненадеж сѐ се променило.

Меѓутоа, додека таквото таинствено однесување е логично да разбуди сомнежи, експертите предупредуваат дека знак за предупредување може да биде и спротивниот случај.

Кога партнерот без проблем ви нуди да ги проверите сите пораки и повици во неговиот мобилен телефон, не е исклучена можноста дека има уште еден, за кого не ни знаете.

vrshi-preljuba-a-vas-ve-obvinuva-kako-da-prepoznaete-neveren-partner-3.jpg

3. Ве обвинува за прељуба

Ова е типична метода за одвлекување на вниманието на другата страна - кога вината ќе ја префрлите на туѓи плеќи, како би ја скриле сопствената.

Па, ако партнерот без повод почне да ве обвинува дека му правите нешто зад грб, големи се шансите дека всушност тој вам ви го прави тоа.

vrshi-preljuba-a-vas-ve-obvinuva-kako-da-prepoznaete-neveren-partner-4.jpg

4. Исчезнуваат проблемите во врската

Претходно, континуирано сте се расправале околу истите работи, но сега тие не му претставуваат никаков проблем. Зошто?

Бидејќи очигледно веќе не му е грижа, а својата среќа ја наоѓа во туѓата прегратка.

Во голем број од случаите, неверството се случува токму тогаш, кога имате впечаток дека врската никогаш не ви била подобра.

vrshi-preljuba-a-vas-ve-obvinuva-kako-da-prepoznaete-neveren-partner-5.jpg

5. Партнерот има нови интереси

Нормално е дека луѓето се менуваат со тек на годините.

Сепак, ненадејната и рапидна промена на интересите кај вашиот партнер, претставува уште еден потенцијален знак за опасност од трета личност во врската.

vrshi-preljuba-a-vas-ve-obvinuva-kako-da-prepoznaete-neveren-partner-6.jpg

6. Одеднаш внимава на изгледот

Не, тоа не ја отфрла веројатноста дека и дотогаш го правел истото.

Но, ако во последно време обрнува посебно внимание на својата појава, можеби постои личност што сака да ја импресионира, а тоа не сте вие.

vrshi-preljuba-a-vas-ve-obvinuva-kako-da-prepoznaete-neveren-partner-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 јасни знаци дека не сте среќни со партнерот (но не сакате да си признаете) Сѐ што прави партнерот ве нервира. Работи што порано ви биле симпатични, сега ви...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...

Најчитани неделава