Љубов со неславен крај: Зошто современите бракови завршуваат со развод?

Кога двајца вљубени луѓе стапуваат во брак, сигурно не планираат дека ќе еден ден ќе се разделат. Но, разводите претставуваат сѐ почеста појава, а иако секој пар си има индивидуални мотиви за ставање точка на заедничкиот живот, постои една водечка причина поради која се распаѓаат браковите во модерното доба.

ljubov-so-neslaven-kraj-zoshto-sovremenite-brakovi-zavrshuvaat-so-razvod-2.jpg

Илај Џ. Финкел, професор по социјална психологија на Универзитетот Нортвестерн во САД, темелно ги проучувал односите во модерните врски, доаѓајќи до заклучок дека мнозинството денешни бракови пропаѓаат поради тоа што луѓето премногу очекуваат од своите партнери.

„Главната промена која се случи во однос на минатото столетие е во тоа што луѓето сѐ почесто влегуваат во брак, очекувајќи дека сопружниците ќе им помогнат да станат подобра верзија на себеси, а во најголем број од случаите, тоа никогаш не се случува.“, напиша Финкел во неговата научна студија за бракот.

ljubov-so-neslaven-kraj-zoshto-sovremenite-brakovi-zavrshuvaat-so-razvod-5.jpg

Високи, црномурни, згодни, смешни, дарежливи, љубезни, одлични родители, плата со повеќе нули, да бидат строги, но фер критичари кон другата половина...

Листата на работи кои луѓето ги посакуваат од своите потенцијални сопружници драстично се зголемија изминатите неколку декади. Истовремено, на бракот сѐ повеќе се гледа како на прилика за самоостварување, па критериумите и очекувањата се уште повисоки.

ljubov-so-neslaven-kraj-zoshto-sovremenite-brakovi-zavrshuvaat-so-razvod-6.jpg

Во тој контекст, психологот истакнува дека луѓето треба да имаат пореалистични очекувања од партнерот, како би биле посреќни во бракот, но и самите со себе.

„Добро размислете околу тоа што очекувате од врската и обидете се да осознаете дали тие очекувања се навистина остварливи, како од ваша, така и од страна на партнерот. Разговарајте за сѐ и барајте компромиси. Притоа, не заборавајте и дека вашиот партнер исто така има сопствени очекувања од бракот и од вас.“, советува експертот.

ljubov-so-neslaven-kraj-zoshto-sovremenite-brakovi-zavrshuvaat-so-razvod-3.jpg

Финкел додава и дека не треба да трагате по некој што ќе ве „надополни“, бидејќи таквите нешта не се случуваат во реалниот живот.

Воедно, потполно е погрешно да очекувате дека вашиот партнер или партнерка ќе ви биде сѐ во животот, иако денес многумина го прават токму тоа.

ljubov-so-neslaven-kraj-zoshto-sovremenite-brakovi-zavrshuvaat-so-razvod-4.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава