Кои години од бракот се најсреќни, а кои најтешки?

Не сите парови се свесни за тоа дека кога ќе стапат во брак, обврските во семејството треба подеднакво да се поделат.

koi-godini-od-brakot-se-najsrekjni-a-koi-najteshki-01.jpg

Секој од нив треба да вложува труд за бракот да опстане и да не дојде до крај.

Сепак, според последните истражувања, во Европа од околу 2 милиона бракови, има речиси 950 разводи.

Професионалците откриле кои години во бракот се најтешки за пребродување, а кои се најсреќни.

3 години

Постои мислење дека љубовта живее 3 години,  а потоа парот се разделува или пак односот станува тежок и не толку совршен.

Но, во реалноста, по 3 години, паровите почнуваат да се навикнуваат и усогласуваат со недостатоците на партнерот и се чувствуваат поудобно.

Често, во третата година од бракот, паровите добиваат дете и нивната врска станува поцврста, па според тоа, третата година од бракот се смета за најсреќна.

koi-godini-od-brakot-se-najsrekjni-a-koi-najteshki-002.jpg

5 години

Првите сериозни проблеми почнуваат да се појавуваат по 5-тата година од бракот и семејниот живот. Во овој период, децата уште не се доволно пораснати и родителите се соочуваат со голем предизвик и тешкотии, а тоа комбинирано со други работни проблеми и хаос во домот, создава мака.

Па, во 5-тата година од заеднички живот, паровите размислуваат за развод и разделување и оваа година се смета за најтешка.

koi-godini-od-brakot-se-najsrekjni-a-koi-najteshki-03.jpg

7 години

Ако по 5 години брак, парот успее да се избори и да не се раздели, ги очекува уште еден предизвик. Во 7-мата година од заедничкиот живот, експертите велат дека се појавува ѕид помеѓу парот, кој тие мора да го поминат.

До овој момент, семејниот живот и обврските стануваат рутина, но финансиските трошоци не се намалуваат како и грижата за децата и одговорноста.

Ова е тежок период, но ако сопружниците се справат и со тоа, тогаш ги очекува среќен брак.

koi-godini-od-brakot-se-najsrekjni-a-koi-najteshki-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Мaж ми се опседна со спорт - ме запоставува и мене и децата, тоа ни го уништува бракот“ „Нервозна сум... Таткото на моите деца секогаш го избира вежбањето наместо нив. ...

Најчитани неделава