6 знаци кои ќе ви откријат дека на некого му се допаѓате

Не секогаш мора да чекате некој да ви изјави љубов. Понекогаш, доволно е само да го погледнете однесувањето на вашиот обожавател.

6-znaci-koi-kje-vi-otkrijat-deka-na-nekogo-mu-se-dopagjate-001.jpg

Делата зборуваат сами и без човекот нешто да изусти, а вие само треба да ги следите.

Постојат неколку универзални начини на кои луѓето ги откривааат своите чувства без да бидат свесни, без разлика на возраста или полот.

Дознајте кои се тие начини по кои може да познаете дека некому се допаѓате:

Неможност за контролирање на насмевката и реакцијата на смеа

Кога ќе се појавите пред некого на кого му се допаѓате, насмевката веднаш се појавува на неговото лице. Чувствата се толку силни, што дури е можно личноста малку да ја подигне веѓата без да биде свесна за тоа, или пак да се смее без прекин.

Има 2 типа на заљубени луѓе:

  • Првиот тип се оние кои секогаш ќе се обидуваат да бидат блиску до вас. Тие гледаат да одат на истите места за да се сретнете и ја користат секоја можност за да остварат контакт и да се зближат со вас.
  • Вториот тип на луѓе  ќе се обидува да ве избегнува. Тие користат погруб, а некогаш и вулгарен речник при разговорот, мислејќи дека така ќе ги скријат емоциите за „пленот“. Или пак, мислат дека не се доволно добри за да се покажат во вистинско светло пред вас.

Набљудување

Човек кој е вљубен, постојано го набљудува оној кој му се допаѓа и не дозволува да пропушти ниту најмала ситница. Доколку пак, погледите ви се сретнат, тогаш непријатната ситуација го тера оној кој набљудувал, да почне да гледа во некој друг објект или да почне да разговара со некој друг.

Невообичаен начин на разговарање

Има 2 начини на кој разговорот може да се одвива:

  • Едниот начин е личноста одеднаш да го промени природниот начин на зборување и да почне да филозофира и да кажува некои мисли со кои наводно ќе ве фасцинира. Зборува на секакви теми без проблем ако тие ве интересираат вас и ќе се обиде да ве засмејува.
  • Другиот начин е сосема паметна и нормална личност да се претвори во човек без вокабулар кој од трема почнува да зборува секакви глупости и бесмислени работи.

6-znaci-koi-kje-vi-otkrijat-deka-na-nekogo-mu-se-dopagjate-02.jpg

Зборување за личноста која им се допаѓа пред други луѓе

Луѓето често зборуваат со други за личноста која им се допаѓа, но многу од нив зборуваат во негативна смисла бидејќи не сакаат да признаат ниту на останатите ниту на себе дека им се допаѓате.

Но, има и такви кои се обидуваат во текот на разговорот со другите луѓе за вас, да ги спојат вашите интереси, на пример, велејќи дека вие двајца сте единствените луѓе кој разбираат одреден тип на музика и слично.

Нагла промена на интересите

Човек на кој му се допаѓате може одеднаш да стане заинтересиран за нешто што вас ве интереира, иако претходно не ни размислувал на тоа.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава