4 митови за неверството во кои не треба да верувате повеќе

Прељубите се мошне честа појава, па во денешно време е полесно да ги наброите паровите кои не биле изложени на неверство, одошто двојките кои доследно им одолеале на искушенијата.

4-mitovi-za-neverstvoto-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-povekje-1.png

Како и за сите останати аспекти на тема - љубов, постојат повеќе заблуди или полувистини и за прељубата.

А, четирите митови за неверството во кои не треба да верувате повеќе се:

1. Неверството е секогаш резултат на несреќна врска.

Иако честопати е навистина така, понекогаш се работи само за сплет на околности. Личноста може да биде среќна во бракот, или, пак, врската, а сеедно да има потреба од прељуба.

Луѓето се склони да трагаат по задоволства, a кога бараат нови, тоа не значи дека се нужно и несреќни со она што веќе го имаат. Само се љубопитни.

4-mitovi-za-neverstvoto-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-povekje-2.jpg

2. Прељубата значи крај.

За одредени луѓе, ваквото предавство значи дефинитивен крај на односот. Од друга страна, за некои парови е и прилика од почеток да го изградат својот однос. Понекогаш, кризата е добра можност за нов почеток, а неверството може да биде токму тоа.

4-mitovi-za-neverstvoto-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-povekje-3.jpg

3. Еднаш неверен, засекогаш неверен.

Уште еден мит кој треба да се сруши. Личностите кои се заплеткани во прељуба, неретко се враќаат на старата песна. Меѓутоа, тоа никако не значи дека е невозможно да се променат и станат верни. Не постои правило дека неверниот партнер засекогаш ќе биде прељубник.

4-mitovi-za-neverstvoto-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-povekje-4.jpg

4. Мажите изневеруваат поради секс, жените поради емоции.

Ни во овој случај нема правило. Постојат жени кои изневеруваат затоа што сакаат жежок, возбудлив секс. А, постојат и мажи кои изневеруваат, бидејќи им недостасува емоција во врската во која се наоѓаат. Не е чесно да се генерализира.

4-mitovi-za-neverstvoto-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-povekje-5.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава