Низ илустрации: Сигурни знаци дека вашата врска е мртва

Ви врши притисок, немате доверба еден во друг, а заедничките теми за разговор како да испарија...

niz-ilustracii-sigurni-znaci-deka-vashata-vrska-e-mrtva-001.jpg

Во врска сте долго време, но се чувствувате незадоволно и неисполнето.

Постојано гледате со блага доза завист на среќно вљубените парови околу вас. Дали имате преголеми очекувања од врската или работите навистина не функционираат на вистинскиот начин?

Постојат сигурни знаци кои посочуваат дека вашата врска е мртва:

Не споделува фотографии со вас на социјалните мрежи

Ако вашиот партнер ретко користи Фејсбук, тогаш ова не е проблем. Но, ако постојано е активен со фотографии, но на ниту една од нив ве нема вас, време е за црвена тревога.

niz-ilustracii-sigurni-znaci-deka-vashata-vrska-e-mrtva-01.jpg

На состаноците зборувате многу малку

Немате заеднички теми за разговор и времето кое го минувате заедно, најчесто гледате филмови. Изгледа како да не сте заинтересирани еден за друг, зарем не?

niz-ilustracii-sigurni-znaci-deka-vashata-vrska-e-mrtva-02.jpg

Речиси никогаш не се карате

Убаво е да нема многу кавги во врската, но ако нема воопшто тогаш е чудно. За некои работи вие чувствувате бес поради неговото однесување и држите во себе. Оваа практика не е во ред.

niz-ilustracii-sigurni-znaci-deka-vashata-vrska-e-mrtva-03.jpg

Не си ги покажувате чувствата

Можеби не е тип што вели „те сакам“, но преку одредени дела може да ви покаже љубов. Ако тоа недостига во врската, тогаш и љубовта изгледа не царува.

niz-ilustracii-sigurni-znaci-deka-vashata-vrska-e-mrtva-04.jpg

Не се грижи за вашиот успех

Ако постојано ги игнорира вашите таленти и успеси, време е за црвена тревога. Зарем подобра ви е личност која мисли дека вашите достигнувања не се важни?

niz-ilustracii-sigurni-znaci-deka-vashata-vrska-e-mrtva-05.jpg

Ви врши притисок

Ви врши притисок, ве проверува и нема воопшто доверба во вас. Секое ваше излегување е проследено со негативна енергија.

niz-ilustracii-sigurni-znaci-deka-vashata-vrska-e-mrtva-06.jpg

Вашите родители не го сакаат

Родителите понекогаш знаат да бидат премногу заштитнички поставени, но тие ви го мислат најдоброто, па не е чудно ако се во право кога ви велат дека таа личност не е за вас.

niz-ilustracii-sigurni-znaci-deka-vashata-vrska-e-mrtva-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава