12 работи за кои тој треба да се труди за да биде вистинскиот

Во љубовта најважното нешто е меѓусебното разбирање и заедничкото вложување труд за подобра врска.

12-raboti-za-koi-toj-treba-da-se-trudi-za-da-bide-vistinskiot-01.jpg

Доколку само едниот прави сѐ, а другиот чека „на готово“, тогаш нешто сте погрешиле уште од самиот почеток. За да знаете дека тој е вистинскиот за вас, треба самиот да се потруди да ви го докаже тоа.

Работите за кои тој треба да се труди, односно двајцата, ви се многу добро познати, но често сите забораваат на нив и ги запоставуваат „правилата“ за среќна врска.

Потсетете се на работите за кои тој треба да се труди за да ви докаже дека тој е вистинскиот:

1. Треба да се труди да планира излегувања

Не треба да очекува од вас вие да смислувате идеи за секој викенд. Понекогаш, и тој треба да ве одведе во некој нов ресторан или кафуле, на некоја романтична прошетка или да испланира патување, за што мисли дека ќе ви се допадне.

12-raboti-za-koi-toj-treba-da-se-trudi-za-da-bide-vistinskiot-02.jpg

2. Треба да ви враќа на пораки и да ви се јавува

И треба да знае дека треба одвреме-навреме, во текот на денот да ви кажува каде е и што прави. Тоа е најлесен начин за градење доверба. Ако тој е секогаш искрен со вас, нема причина да се сомневате во невговите зборови.

3. Треба да се труди да флертува

Независно што можеби сте заедно со години. Љубовта и страста никогаш не треба да згаснат и секогаш треба да се труди да ве заведе дури и кога сте веќе негова.

12-raboti-za-koi-toj-treba-da-se-trudi-za-da-bide-vistinskiot-07.jpg

4. Треба да се труди да ве задоволи

Сексот е важен дел од секоја врска, а задоволството и оргазмот не треба да биде нешто што тој ќе ви го понуди еднаш во годината.

12-raboti-za-koi-toj-treba-da-se-trudi-za-da-bide-vistinskiot-03.jpg

5. Треба да се труди да штеди пари

Ако тој навистина сака да го помине животот со вас, треба да биде подготвен за иднина и семејство. Треба да знае како да одолее на потребата да ги потроши сите пари на излегување со другарите и да научи да тргне нешто за сериозни инвестиции.

6. Треба да направи да чувствувате дека имате голема улога во неговиот живот

Треба да ви кажува што му се случува на рабтоа, во семејството, да ве покани да излезете заедно со пријателите, да бара совети од вас и да ви се довери. Треба да ви покаже дека сте му важна.

7. Треба да се труди да се сложува со вашето семејство и пријатели

Ова не значи тој сам да излегува на ручеци со вашите родители или пријатели, но барем да ги почитува и цени сите како да се дел од неговото семејство. Дури и ако не поддржува некои работи и не му се допаѓаат сите, тоа се луѓето кои вам ви се најважни, па треба да знае како да се однесува.

8. Треба да се труди да наоѓа компромис

Ако дојде до некоја кавга помеѓу двајцата, тоа не значи дека треба да избувнете и тоа да заврши со нечие заминување или раскинување. Треба да најдете решение кое ќе ви биде од корист на двајцата и да се потрудите да наоѓате компромиси.

9.Треба да се труди да готви и чисти

Не сте му мајка, ниту пак жена која ќе чисти по него и готви цели денови. Не треба да ги остава сите обврски на вас и најдобро е да си ги поделите подеднакво.

12-raboti-za-koi-toj-treba-da-se-trudi-za-da-bide-vistinskiot-05.jpg

10. Треба да се труди да изгледа добро

Не мора да носи одело и кравата секој ден, но тоа што сте долго време заедно не значи да го запостави изгледот. Тој секогаш треба да изгледа средено за да ви биде привлечен, исто како и вие за него.

11. Треба да се труди да си го чува здравјето

Ак ове сака, тој ќе се грижи за себеси и за неговото здравје, исто како и вие за вашето, за двајцата да имате долг и среќен заеднички живот без проблеми.

12. Треба да се труди да ве прави среќна

Треба да знае дека вашата насмевка е најубава на светот и да се труди да ја гледа што почесто на вашето лице.

12-raboti-za-koi-toj-treba-da-se-trudi-za-da-bide-vistinskiot-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg