По 3 години врска на далечина од 12.870 километри пар ја круниса својата љубов (фото)

Нивната љубов ја победи далечината,а овој инспиративен вљубен пар докажува дека сè што се сака се може.

po-tri-godini-vrska-na-dalechina-od-12800-kilometri-par-ja-krunisa-svojata-ljubov-01.jpg

Ако ги погледнете нивните фотографии, ќе помислите дека се слатки фотографии какви што имаат сите парови од патувањата.

Но, ако ја слушнете приказната зад тие фотографии и борбата за нивната љубов, тогаш сликата во главата ќе ви се промени.

Роб и Џоли се запознале на едно патување, започнале да контактираат на Фејсбук и се вљубиле, но проблемот бил што живееле на 12.870 километри раздалеченост. Роб е од САД, а Џоли од Филипините.

По одредено време комуникација, одлучиле да се сретнат повторно.

Бидејќи живееле навистина далеку, морале да бидат креативни. Двајцата обожавале да патуваат, па одлучиле да се среќаваат на „половина пат“, во различни земји ширум светот. За време на патувањата уживале заедно, се фотографирале во нивната препознатлива поза бакнати, а потоа си велеле „збогум“.

Години подоцна, по направена завидна колекција на фотки ширум светот, тие порачуваат дека мора да го слушате срцето, без разлика на сè, затоа што ако е судено на крајот сè ќе дојде на свое место.

По три години врска на далечина Роб ја запроси Џоли во Москва, Русија. Таа кажа „да“, ги средија сите потребни документи и прославија со роднините и пријателите.

Изгледа дека навистина сè што ви е потребно е само љубов:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава