Висока стапка на разводи и неверства: Сега е јасно зошто сме скептични за љубовта

Сите сакаме силно да веруваме во концептот на искрена и бескрајна љубов, како и поимите сродна душа и незаменлив/а.

Statistiki-koi-jasno-pokazuvaat-zosto-ste-skepticni-vo-vrska-so-ljubovta-01.jpg

Но, статистиките на модерното време ни удираат шлаканица која нè тера да се преиспитаме како стојат работите во реалноста.

Дали навистина постои љубов како во филмовите, бајките и романите? Го пронајдовте ли принцот на бел коњ или принцезата од вашите соништа?

Овие бројки, за жал, нудат негативен одговор:

Денешната стапка на разводи е депримирачка

Официјалната статистика, барем за САД, вели дека 41% од браковите завршуваат со развод. На секои 36 секунди се официјализира по еден развод, а периодот во кој партнерите решаваат да стават точка на љубовта е некаде во просек околу осмата година од бракот.

И кај истополовите бракови стапката на разводи е многу висока

Во моментов изнесува околу 20% со тенденција да расте, наместо да се намалува. Бидејќи истополовите бракови се официјализираа пред околу 2 години, останува да видиме дали ќе доживеат успех или пад.

Семејното насилство е сериозен проблем

Потребно е сериозно да се загрижиме и отворено да разговараме за последиците од семејното насилство.

Семејното насилство е причината бр. 1 поради која жените се најмногу физички повредени, а оваа бројка е поголема отколку бројот на повреди со кои се здобиваат жените во сообраќајни несреќи, ограбувањата и силувањата собрани заедно.

Неверствата се дел од вообичаеното секојдневие

Дури и да успеете да го избегнете разводот, голема е веројатноста дека вие (или партнерот) извршиле неверство во текот на бракот. Само 31% од партнерите кои се соочиле со изневерување успеале да останат заедно.

57% од мажите признаваат дека извршиле прељуба, а жените опасно им се приближуваат со високи 54%. Дури и кога ќе видите некоја постара брачна двојка, шансите дека некој некого изневерил во текот на животот се огромни.

Многумина кренаа раце од идејата за брак

Голем дел од разведените луѓе не ни помислуваат повторно да стапнат во брачните води, а постои и огромна бројка на мажи и жени кои воопшто не веруваат во бракот како институција, па немаат никаква желба законски да ја официјализираат љубовта.

Дури и вторите и третите бракови завршуваат со неуспех

Верувале или не, и оние кои упорно одбиваат да кренат раце од љубовта и застануваат по втор или трет пат на „лудиот камен“, не доживуваат значителен успех во поглед на успешноста на новите бракови.

60% од вторите склучени бракови и дури 73% од третиот склучен брак завршуваат со страшните 5 букви: развод.

И отворените бракови не може да преживеат

Според податоците од одредено истражување и отворениот брак не е предуслов за успех. Стапката на разводи кај овие е највисока, 92% на разведени луѓе.

Моногамијата е само мит

Многумина ја идеализираат и се колнат во неа, но реалноста е дека во денешно време е навистина тешко да се остане во моногамна врска.

Дали сте знаеле дека пингвините се едни од најмоногамните суштества на светот?

Тие не се парат за да создадат нов живот, туку исклучиво поради љубов и тоа откако ќе ја пронајдат својата сродна душа. Едноставно е, така се скроени, така им налага инстинктот и верноста е впишана во нивната ДНК.

Очигледно, ние луѓето не припаѓаме во оваа категорија.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Не, ова не е љубов - туку немоќта на еден беден маж, кој со ќотек наплаќа за тоа што бил оставен од... „Да, и ова е љубов... Кога раскинувањето се плаќа со хематоми и трауми. Кога мис...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
Зошто ја напуштив сопругата за љубовницата (и што можеше таа да направи за да ме задржи)? „Во спалната соба Меги почна да зазема одбранбена поза, стуткана во аголот со св...
„Му станав лична чистачка“ - Најтешките работи во бракот за кои никој не зборува „Во бракот има тешки мигови и не е дека има само пеперутки, но најголемата грешк...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg