Знаци кои ако се претворат во редовно однесување укажуваат на токсична врска

Многумина сонуваат за љубов како на филмовите, но реалноста е дека тие се многу ретки.

situacii-i-odnesuvanje-koi-ukazhuvaat-na-nezdrava-ljubov-spored-psiholozite-01.jpg

А, за да се оствари тоа, треба навистина да се потрудите.

Па, водејќи се по таа замисла, партнерите стануваат зависни еден од друг, несвесно уништувајќи ја врската.

За сè постои мерка и кога ќе се претера се добива спротивниот ефект.

Ситуации и однесување кои укажуваат на зависност во љубовта и треба да престанете да ги правите ако се пронајдете:

Загрижени сте кога не е тука

И ова важи за секое излегување на партнерот од дома – вие мислите каде е, со кого, што прави, дали е добро, дали некој ќе му направи нешто или можеби ве изневерува.

Во главата си замислувате стотици сценарија, а тоа е еден од знаците за токсична врска.

situacii-i-odnesuvanje-koi-ukazhuvaat-na-nezdrava-ljubov-spored-psiholozite-02.jpg

Контролирате сè

Го проверувате секој негов чекор, ги истражувате сите сомнителни ситници, ги проверувате неговите пораки и социјални мрежи? Очигледно е дека сте опседнати...

situacii-i-odnesuvanje-koi-ukazhuvaat-na-nezdrava-ljubov-spored-psiholozite-03.jpg

Се однесувате како тој што сака

Ако постојано криете дека не сакате да правите нешто или да имате стил каков што тој посакува, не се лажете дека покажувате флексибилност и дека балансирате во врската. Тоа е лудост.

Се надевате дека вашата љубов ќе го промени

Ако веќе има нешто што ви пречи, независно дали е сериозен проблем или банална навика, не се надевајте дека ќе го промените тоа кај партнерот на 50 години.

Или прифатете го и никогаш повеќе не се обидувајте да го менувате, или разговарајте за тоа навреме без да имате лажна надеж.

situacii-i-odnesuvanje-koi-ukazhuvaat-na-nezdrava-ljubov-spored-psiholozite-04.jpg

Немате време за никој и ништо друго

Ова не важи за почетокот на романтичните врски кога е нормално да бидете повеќе со партнерот.

Доколку ова продолжи понатаму, ги запоставите пријателите и сакате да бидете само со него, заборавајќи на сè останато, или уште полошо, ако тој ви забранува контакти, ситуацијата е алармантна.

Се откажувате од целите

Вие редовно ги исполнувате сите негови желби и го поддржувате и во работи што не ви се омилени, а тој не сака да направи ништо за вас и вашите цели и желби не ги сфаќа сериозно.

Или пак, ги запоставувате вашите планови кои сте ги направиле одамна, само за да се посветите на него? Преиспитајте се себеси.

Се плашите да бидете сами

Најлошата причина за да останете со некој што не сакате и не ви одговара. Не се плашете. Секогаш можете подобро. Потрудете се и оставете го оној кој ја спречува вашата среќа.

situacii-i-odnesuvanje-koi-ukazhuvaat-na-nezdrava-ljubov-spored-psiholozite-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава