Карактеристики кои покажуваат дека тој/таа ќе биде ужасен брачен партнер

За да го делите животот со некој тој мора да исполнува одредени критериуми. Не можете да имате среќен брак без доверба, разбирање, почит и компромиси.

karakteristiki-koi-pokazuvaat-deka-taa-toj-kje-bide-uzasen-brachen-partner-01.jpg

Кога сте во врска можеби не забележувате одредени мали мани кај партнерот, но кога ќе стапите во брак тие може да прераснат во огромен проблем и да ви донесат сериозни конфликти.

Ако не сакате брак полн главоболки, внимавајте вашиот партнер да ги нема овие карактеристики:

Има навика да одлучува за двајцата

Кога некој постојано донесува одлуки во ваше име очигледно е дека не му е важно вашето мислење, па дури не сте му важни ниту вие.

Оваа ужасна навика партнерот ја практикува секаде, без разлика дали е мала одлука како што ќе порачате во ресторан или пак некоја голема одлука како купување на нов стан и преселба.

Човекот со ваков карактер сака сè да биде по негово, иако тоа нема да ви го признае никогаш. Тој ќе ве убедува дека вие имате право на свој став, но на крај ќе ве изманипулира дека неговата одлука е исправна.

karakteristiki-koi-pokazuvaat-deka-taa-toj-kje-bide-uzasen-brachen-partner-03.jpg

Во секоја ситуација е „манијак за контрола“

Ако покрај себе имате партнер кој се обидува да го контролира секој аспект од вашиот живот, не затоа што е љубоморен на пример, туку затоа што не може да поднесе што било да се случува без негово знаење и одобрение, тогаш животот ќе ви биде пекол со него.

Тој е опсесивен во поглед на вас и вие немате индивидуален простор. Немате време да се релаксирате и да се посветите на активностите што ги сакате, затоа што тој е секогаш тука и ви дише во врат.

Поразговарајте со него за тоа, кажете му дека таквото однесување ви пречи и ако нема промени, тогаш подобро е да го продолжите животот без него.

karakteristiki-koi-pokazuvaat-deka-taa-toj-kje-bide-uzasen-brachen-partner-05.jpg

Има потреба да ве осудува

Човечки е да се греши, без разлика дали во бракот или во кој било друг вид на однос. Никој не е имун на погрешни одлуки, како во приватниот, така и во професионалниот живот.

Па, ако покрај себе имате партнер кој со прстот постојано посочува кон вас и ја тргнува одговорноста од себе, тогаш треба да се запрашате дали тој навистина ве сака.

За да имате среќен живот потребно е до себе да имате партнер кој ќе ви биде заштита од сите животни бури и предизвици. Вие треба заедно да го освоите светот, а не тој да ви ги сече крилјата.

karakteristiki-koi-pokazuvaat-deka-taa-toj-kje-bide-uzasen-brachen-partner-02.jpg

Нема доверба во вас

Ова е јасно како ден – не можете да го делите животот со човек што не ви верува. Здравиот однос, меѓусебното разбирање и почит се засноваат врз довербата.

Се разбира, довербата се гради и стекнува, но ако вие не давате причини за сомнеж, а од другата страна има недоверба, тогаш време е за сериозен разговор.

Размислете добро дали вреди целиот живот да го минете со проверки на вашиот телефон, главоболки дека сте излегле со колегите/колешките и прислушување на разговорите. Со ваквата личност дефинитивно нема да имате среќен брак.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...

Најчитани неделава