10 работи кои жените ги бараат кај мажите, а во суштина не ги сакаат

Колку и да мајка ѝ низ воздишки ја советувала дека најважно е да биде кавалер, општеството ѝ сугерирало дека во прв план се парите, а таа самата сакала да е романтичен јунак од бајките, кога истото конечно ќе го добие – девојката не е баш сигурна дека тоа е тоа. Зошто?!

10-raboti-koi-zhenite-gi-baraat-kaj-mazhite-a-vo-sushtina-ne-gi-sakaat-1.png

Пронаоѓањето на „совршениот“ маж е тешко. Всушност, таквиот не ни постои, но нема жена што од партнерот не очекува да ги задоволи нејзините критериуми. А, знаат ли девојките што точно сакаат?

Она што навидум се чини како најдобра можна особина кај припадниците на посилниот пол, во мноштво случаи испаѓа најголемо промашување и студен туш за понежната половина, посочуваат експертите за љубовни врски.

Што е тоа кое жените мислат дека го сакаат од мажот, а во суштина не е така? Ви откриваме во продолжение:

1. Сакаат да биде љубоморен.

Нема сомнеж дека на мнозинството жени им ласка посесивноста на партнерот. Можеби ја видел како се смешка на шегите од друг маж, или случајно го наслушнал блискот разговор со некој од колегите. Неколку прашања на таа тема, претставуваат сосема нормална реакција од личноста што ве сака и цени.

Меѓутоа, константните испитувања, обвинувања, или, пак, напади, дефинитивно не се. Ако продолжат до недоглед, можеби е време да се запрашате дали таквата љубомора, која некогаш сте ја сметале за знак на љубов и горди сте биле поради неа, сега прераснала во патолошко однесување.

Честопати, жените си мислат дека љубомората е знак на љубов. Но, доколку партнерот не сака да се дружите со останатите луѓе, па непрестано ве испитува каде сте и со кого, тоа не знак на љубов, туку црвено знаме дека вашиот однос оди во погрешен правец!“, предупредуваат терапевтите.

Значи, нема ништо лошо ако му е малку криво што поминувате време со други, или, пак, кога се чувствува изоставено. Секој човек сака повеќе внимание. Сепак, доколку го интересира секоја минута од вашиот ден, бидете претпазливи!

10-raboti-koi-zhenite-gi-baraat-kaj-mazhite-a-vo-sushtina-ne-gi-sakaat-2.jpg

2. Сакаат да биде доминантен.

Не, не е изумрена, ниту изгубена машкоста кај припадниците на посилниот пол. Сѐ уште постојат кавалери кои без ни малку колебање ќе ѝ ја придржат вратата на жената, ќе ја платат вечерата, или, пак, ќе ја одведат партнерката во кино.

Понекогаш, навистина е прекрасно кога тој максимално се грижи за вас. Сепак, постои линија што не смее да се прејде. Дали вашиот партнер е премногу доминантен? Се обидува ли претерано да управува со вашиот живот?

Негов ли е последниот збор околу тоа кој филм ќе го гледате, што ќе јадете, или, пак, како да се облечете?

Можеби сте во манипулативна врска, а не сте ни свесни. Жените често мислат дека сакаат маж што ќе доминира. Но, така завршуваат во врски, каде партнерот им се наложува што да прават, говорат, па дури и мислат. Доколку се препознавте, вклучете го алармот!

Убаво е да се има партнер кој презема контрола, особено во незгодните ситуации, но погрижете се попатно и да ве почитува, како и да има разбирање за вашите мисли, желби и чувства.

10-raboti-koi-zhenite-gi-baraat-kaj-mazhite-a-vo-sushtina-ne-gi-sakaat-3.jpg

3. Сакаат да биде покорен.

Од друга страна, некои жени посакуваат партнер кој секогаш ќе ги следи нивните планови и ќе им ги задоволи сите каприци. Но, дури ни тоа не ги спречува компликациите во односот. Мноштво девојки мислат дека сакаат човек кој ќе направи сѐ што ќе посакаат. А, во суштина, личноста што нема свое „јас“, воопшто не е материјал за брак.

Подобра опција е партнерот да биде врамнотежен и реален во исполнувањето, како на потребите на партнерката, така и на сопствените. Колку и да им годи мажот што доследно ги остварува желбите на спротивниот пол, жените сепак сакаат и некој што понекогаш ќе им каже „не".

Секоја љубовна врска има подеми и падови. Здравиот однос, пак, се сведува на баланс помеѓу она што е добро за обете страни. Не сакате покрај себе партнер што е прекумерно доминантен, или, пак, покорен. Затоа, немојте ни самите да бидете една од овие две крајности.

10-raboti-koi-zhenite-gi-baraat-kaj-mazhite-a-vo-sushtina-ne-gi-sakaat-4.jpg

4. Сакаат да биде богат.

Реално, кој не би сакал?! Сите посакуваме да ни биде удобно. Но, во низа случаи, токму богатството станува препрека на патот до среќата, а недостатокот на здраво и квалитетно поминато време, неретко прераснува во проблем.

Жените мислат дека сакаат парнер што има многу нули на банкарската сметка. Партнер што е лидер во работата. Партнер кој има феноменална кариера. Меѓутоа, огромна е веројатноста дека дотичниот нема да има време за ништо друго. Вообичаено, работата му е неговата прва љубов.

Па, важно е да сфатите дека богатството може да донесе недостиг на другите полиња. Исто така, важно е и да се познавате себеси. Доколку сте тип на жена што ја мачат несигурноста или љубомората, а потребна ви е конзистентна љубов и интима, можеби „секси бизнисменот“ и не е вистинскиот тип за вас. А, ако сеедно посакувате ваков живот, тогаш бидете свесни за предностите, но и за мааните што истиот ги носи.

10-raboti-koi-zhenite-gi-baraat-kaj-mazhite-a-vo-sushtina-ne-gi-sakaat-5.jpg

5. Сакаат да биде див.

За што ли мечтаат повеќето девојки, дури гледаат романтични филмчиња на телевизија? Хммм, можеби за згодниот фраер што ќе дојде да ги „спаси“ од досадата, собирајќи ги со неговиот нов, моќен и бесен мотор?!

Се разбира, возбудлива е и самата помислата да се биде во врска со партнер што е зависник од адреналин, љубител на тетоважи, или, пак, тотален аутсајдер.

Но, со тек на времето, веројатно ќе посакаат и да основаат семејство со таа иста личност. Жените често мислат дека сакаат див и опасен тип покрај себе. Меѓутоа, колку од нив би сакале татко за сопствените деца, којшто везден ги избегнува одговорностите, или, пак, одбира викендот да го помине со другарите, наместо дома да менува пелени?

За разлика од сериозните мажи, нескротливите секогаш ќе будат повеќе страст и копнеж по нив. Сепак, можеби тоа е само пуста желба поттикната од американските класици, како и жар за младоста на која секоја жена сака да се присети. Во реалноста, ретко функционира таквото сценарио.

10-raboti-koi-zhenite-gi-baraat-kaj-mazhite-a-vo-sushtina-ne-gi-sakaat-6.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg