Грешки кои често се прават во тазе врски и заради нив љубовта станува токсична


Грешки кои често се прават во тазе врски и заради нив љубовта станува токсична

Ако инстантно се вљубувате, после првиот состанок знаете дека „тоа е тоа вистинското“, константно мислите и го прогонувате партнерот на социјалните мрежи, а расположението целосно ви зависи од него/неа, тогаш време е за мало освестување.

greski-koi-cesto-se-pravat-vo-taze-vrski-i-zaradi-niv-ljubovta-stanuva-toksicna-001.jpg

Емотивната зависност од луѓето може да биде добра, но и екстремно лоша работа, доколку одите до крајности и целиот распоред во животот ви зависи од друга личност.

Ако постојано запаѓате во токсични врски, а не знаете каде грешите, веројатно правите една или повеќе од овие работи:

1. Веднаш мислите дека сте ја пронашле љубовта на вашиот живот

Никогаш, апсолутно никогаш не си го ставајте притисокот „тој/таа е вистинскиот/вистинската“ после првиот состанок.

Оладете ја главата и следните неколку гледања договарајте ги преку неколку дена. Бидете сами, продолжете да ги правите работите во кои уживате.

greski-koi-cesto-se-pravat-vo-taze-vrski-i-zaradi-niv-ljubovta-stanuva-toksicna-01.jpg

2. Го идеализирате партнерот

На почетокот слушајте што ви кажува човекот со кој излегувате и тоа многу внимателно. Ако случајно ви ја каже фразата „нема да ти биде лесно со мене“ – верувајте му.

Исто така, не се согласувајте со изјави од типот „може да бидеме заедно, но под услов...“ Не го идеализирајте, бидејќи уште не го познавате.

greski-koi-cesto-se-pravat-vo-taze-vrski-i-zaradi-niv-ljubovta-stanuva-toksicna-02.jpg

3. Не можете да кажете НЕ

Зајакнете ја способноста да кажете не кога е навистина потребно. Не се срамете да одбиете неколку покани и понуди, без да ви биде непријатно.

Без оглед на тоа дали причината е заради финансии или едноставно не сте расположени, не се плашете дека тој/таа ќе се навреди. Не се губете себеси од страв да не изгубите друга личност.

greski-koi-cesto-se-pravat-vo-taze-vrski-i-zaradi-niv-ljubovta-stanuva-toksicna-03.jpg

4. Ги запоставувате пријателите заради партнерот

Денот има 24 часа, а неделата има 7 дена, што е сосема доволно за да направите планови и со партнерот и со пријателите.

Продолжете да ги одржувате пријателствата цврсти и здрави, бидејќи ги имавте и пред партнерот, а треба да ги имате и после него.

greski-koi-cesto-se-pravat-vo-taze-vrski-i-zaradi-niv-ljubovta-stanuva-toksicna-04.jpg

5. Се откажувате од хобијата и интересите

Не се откажувајте од активностите кои ве прават среќни. Личноста со која што сте треба да ви понуди поддршка да ги реализирате соништата, не да ви ги избрише од листата на приоритети.

Доколку немате сопствени интереси, нема да имате за што да разговарате. Не може и не треба се да правите заедно.

greski-koi-cesto-se-pravat-vo-taze-vrski-i-zaradi-niv-ljubovta-stanuva-toksicna-05.jpg

Уште 5 грешки, на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Што треба да знаете пред да се заљубите во разведен маж? Пред да се впуштите во врска со разведен маж, добро би било да дознаете нешто по...
„Како ми стои?“, „Ништо не ми е“ - Работи што мажите ги мразат кај жен... Кога зборуваме за животот на младите брачни парови, има многу работи во кои тие ...
Не мора да знаете сѐ: Совети за бракот од разведена жена Дадете му крилја да ги следи соништата и жалбите сведете ги на минимум... Дад...