Скромни мажи = слабаци!

Скорешното истражување потврди како размислуваат жените за "добрите" момци. Вообичаено, дамите "паѓаат" на мачо типови, а заклучокот е дека...

 

... тие машката скромност ја доживуваат како знак на слабост.

Ова истражување неодамна беше спроведено во Америка и резултатите потврдија дека жените скромноста ја поистоветуваат со слабост, додека метросексуалците ги сметаат за одбивни, пренесува ScienceDaily. skromni-mazi-slabaci

Скромноста во тој контекст е симбол за недостаток на карактер, кој понатаму на поширок план се доживува како нешто што ја загрозува егзистенцијалната сигурност, бидејќи може негативно да влијае на способноста за вработување и при социјализирањето.

Во истражувањето учествуваа 232 испитаници, 132 жени и 100 мажи, а интересно е дека мажите генерално скромноста ја оценуваат како позитивна особина кај припадничките на понежниот пол.

На испитаниците им биле прикажани 15-минутни интервјуа кои ги снимиле актери од двата пола, одговарајќи на прашања за работата која бара одредени социјални вештини.

Проценето е дека сите пријавени биле подеднакво компетентни за понудената работа, но скромните мажи на жените помалку им се допаѓаат.

Психологот Корин Мос-Ракузин, која беше и шеф на истражувачкиот тим вели дека во свеста кај поединците постојат работи кои се "мораат" и оние кои "не смеат" да бидат.

Така, жените да речеме "мораат" да бидат почуствителни и грижливи, а "не смеат" да бидат доминантни.

"Историски и културолошки, од мажите се очекува да бидат независни и да имаат поголема самоувереност отколку жените. На жените им е дозволено да покажуваат знаци на слабости, додека кај мажите тоа не се толерира ни најмалку. Од друга страна, доминацијата е пожелна особина кај мажите, додека кај жените таа се перцепира како негативна.

Овие и слични стереотипи врзани за половите, силно се вкоренети во нас, така да за свата пола постојат јасни граници помеѓу друштвено посакувано и друштвено неприфатливо однесување", вели др. Мос-Ракузин.

Затоа, дури и во во 21-от век не е чуден фактот дека жените сепак сакаат доминантни мажи кои имаат силна самодоверба.

Би можело да ве интересира:

„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
„Јас сум во среќна врска, но ми недостига возбудата на состанувањето“ „Завиткана на каучот со партнерот до мене, ја подавав раката кон далечинскиот уп...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg