Маките на луѓето што се вљубени во нарцисоидна личност

Ќе ви се случат низа токсични работи ако се вљубите во нарцисодина личност, но сето тоа на крајот ќе биде една добра лекција за во иднина.

makite-na-lugjeto-shto-se-vljubeni-vo-narcisodina-lichnost-01.jpg

Дали сте биле некогаш во врска со нарцисоидна личност? Или можеби сте во моментов?

Тогаш знаете какви маки носи врската со некој кој е вљубен во себеси и смета дека е центар на светот.

Токсични работи што ќе ви се случат во ваква врска:

1. Вие сакате длабока, безусловна љубов, а таа само сака да ѝ се воодушевувате и не прави ништо за да ја развие врската. Постојано чека да ја фалите и да ѝ кажувате дека е совршена.

2. Нарцисоидната личност „знае најдобро“, па така ќе ги преземе сите обврски и одлуки во врската и со текот на времето ќе започнете да се чувствувате неспособно и безвредно затоа што вие, според неа, не правите ништо доволно добро.

3. Секој пат кога светот на оваа личност ќе ѝ каже дека не е совршена, тогаш вие ќе мора да ѝ ги лекувате раните. Ќе се запоставувате себеси, ставајќи ја неа на пиедесталот.

4. Ќе започнете да ги премолчувате своите потреби за да бидете подопадливи во очите на оваа личност.

5. Колку повеќе време, енергија, љубов и грижа вложувате во врската, толку нарцисоидната личност добива повеќе моќ. И ова ќе трае, сè додека не почувствувате дека сте комплетно исцедени.

6. Ќе почнете да кажувате дека и вашите чувства се важни и на неа нема да ѝ се допадне тоа и тука ќе започнат кавгите. Ќе ве убедува дека драматизирате и дека грижите ви се неосновани. Ќе сака да ве манипулира и да ви го контролира умот.

7. Ќе започнете да се обвинувате себеси и да се прашувате дали сте вредни за сакање.

8. Нема да сфаќате дека сте вредни, но само сте наишле на личност што има капацитет да манипулира со вас.

9. Вината постојано ќе се префрла врз вашиот грб, а вие ќе се самоанализирате.

10. Но, мора да сфатите дека секој во кој ќе се вљубите не е вреден за љубов и доверба. Нема секој добри намери, како што имате вие.

11. Гледајте на оваа врска како на важна животна лекција. Разбудете се и посветете се на себеси.

12. Од оваа врска ќе си заминете помудри, посилни и повнимателни околу тоа кому го подарувате срцето.

А нарцисоидната личност? Таа веднаш ќе тргне во потрага во нова жртва...

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава