15 работи по кои може да познаете дека не сте „создадени“ еден за друг

Почетокот на врските најчесто е најдобар период кога паровите прават сè што сакаат и се подготвени на секаква авантура.

15-raboti-po-koi-mozhe-da-poznaete-deka-ne-ste-sozdadeni-eden-za-drug-01.jpg

Но, како што поминува времето, така подобро се запознаваат и почнуваат да паѓаат во монотонија, или едноставно се менуваат.

После одреден период може да забележите дека врската веќе не е тоа што била на почетокот, а има знаци кои укажуваат на тоа дека не сте создадени еден за друг.

Па, за да не си го губите залудно времето, доколку се случат следниве работи, ѝ дошол крајот на врската:

1. Почнувате да живеете одвоен живот и ретко планирате заедничко излегување.

2. Не се согласувате речиси во ништо и не наоѓате заеднички јазик.

3. Се гледате со пријателите и колегите почесто отколку со партнерот.

4. Многу ретко имате интимни и страсни моменти.

5. Веќе не се држите за раце и не разменувате нежности.

6. Седите само дома и се однесувате како цимери.

7. Се расправате повеќе отколку што разговарате.

8. Престанувате да ги правите работите во кои претходно сте уживале.

9. Се обвинувате еден со друг за сè лошо што ви се случува во животите.

10. Почнувате да гледате други момци/девојки кои ве привлекуваат.

11. Флертувате со други и си барате резервна опција.

12. Почнувате да се сомневате во тоа како изгледа љубовта и што е тоа што го имате.

13. Се прашувате дали вашиот бивши партнер бил вистинската љубов за вас.

14. Вашите блиски луѓе се загрижени за вас и вашата врска.

15. Чувствувате дека нема ништо да изгубите ако веќе не се гледате.

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...
Психотерапевт вели: „Сега луѓето се разведуваат поради прашина, за работи на кои мајка ти или дедо м... „Сега луѓето се разведуваат поради прашина (односно за глупави и банални работи)...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg