Жени споделуваат искуства: Зошто биле во врска со оженет маж и како се чувствувале

Неодамна имавме можност барем малку да сфатиме како им е на мажите кои се заљубиле во омажена жена.

zheni-spodeluvaat-iskustva-zoshto-bile-vo-vrska-so-ozhenet-mazh-i-kako-se-chuvstvuvale-повекје01.jpg

Тие со нивните исповеди ни го доближија нивното чувство, а оние кои се во таква ситуација, можеби се пронајдоа, охрабрија или откажаа.

Сега, жените споделуваат искуство и кажуваат како е да се биде во врска со оженет маж. Некои од нив се заљубиле и немаат излез, други, воопшто не се обвинуваат, а трети, не ни знаеле дека тој е оженет.

Очигледно е дека има многу такви врски, кои и покрај тоа што се тешки за одржување, сепак опстојуваат.

Но, како се чувствува „втората“ и низ што поминува, прочитајте во продолжение во исповедите на неколку жени:

„На почетокот се обидов да го игнорирам. Почнав да се чувствувам празно и станав емоционално исцрпена.“

„Почнавме да чувствуваме нешто еден за друг, но никогаш не сакав да ја напушти жена му.“

„Веднаш се заљубивме и бевме луди еден за друг. Но, тој имаше 3-годишен син и сопруга...“

„Жал ми е за него бидејќи е заробен во брак со некоја со која се оженил заради осаменост.“

„Знам дека е оженет но искрено мислам дека сум заљубена во него.“

„Не знаев дека јас сум другата жена. Бев многу лута кога дознав.“

„Ми го скрши срцето кога дознав дека има жена. Лежам во кревет и плачам цел ден.“

„Ме излажа и ми кажа дека жена му не е жива. Престанав да зборувам со него, а тој ме демнеше неколку недели.“

„Тој беше лажго и манипулатор. Не ги видов знаците кои водеа кон тоа и укажуваа на вистината.“

„Се чувствував ужасно кога го направив тоа. И уште чувствувам вина, години подоцна.“

„Не бев среќна со себеси, а неговите комплименти и внимание ми годеа.“

„Не се каам и не го сметам за лош човек, бидејќи таа го третираше како ѓубре пред да ја изневери со мене.“

„Кога дознав дека е женет, му кажав дека јас ќе му бидам единствена жена. Сега сме заедно 27 години.“

„Двапати сум била во ваква ситуација. Двете врски завршија така што и јас бев изневерена.“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
Ноќта што промени сè: „Маж ми и јас се скаравме. Тргнав на породување, му ѕвонев 30 пати, не креваше... Беше тивка вечер, речиси обична. Ништо не навестуваше дека токму таа ноќ засеког...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава