9 работи кои ги научив додека сите други се мажат

Сфатив дека совршениот тип на партнер се менува со текот на годините и околу себе јасно гледам дека бракот и децата не се одговорот, таму каде што нема љубов.

9-raboti-koi-gi-nauchiv-dodeka-site-drugi-se-mazat-01.jpg

Дали постојано слушате свадбени ѕвона околу себе, а вам таа мисла сè уште не ви паѓа на ум? Комплетно сте среќни од својот живот во моментот и од насоката во која се движи тој, иако сите ве притискаат со прашања на темата.

Јас се наоѓам токму во таа фаза и од неа научив навистина важни лекции.

Во овој период сфатив дека...

Вашиот „тип на совршен партнер“ се менува како минува времето.
Особено во доцните 20-ти. Веќе не барате само добар изглед и забава, туку квалитети како одговорност, искреност, лојалност и интегритет. Растете и важни ви стануваат позначајни работи.

Пронаоѓањето на вистинската кариера е поважно од тоа да стапите во брак. 
Мотивирачката кариера, која ќе ви овозможи да растете и да се надградувате, ќе ве исполнува најмногу. Ќе бидете подобра и посреќна личност без разлика каков ви е љубовниот статус.

Модерното состанување е ужасно, но ве учи добри лекции. 
Секоја катастрофа при состанувањето прави подобро да се запознаете себеси и да сфатите што навистина сакате. Ќе научите да се сакате и да не се смирувате со некој кој не ве почитува.

Треба да се инвестира во неколку добри пријатели.
Вашите пријатели ќе ви бидат најдобрата поддршка и ќе ви го прават животот полесен. Одбирајте ги мудро, инвестирајте време и енергија во нив и тие ќе бидат тука кога ќе дојдат животните бури.

9-raboti-koi-gi-nauchiv-dodeka-site-drugi-se-mazat-02.jpg

Не се мажете само затоа што сите други го сторија тоа. 
Сингл сте долго време, а сите други се омажија и оженија. Останувањето во лоша врска е најлошото нешто што можете да го сторите. Бидете сингл и учете што навистина сакате во животот, а не само слепо да следите нечии стапки.

Децата не се одговорот. 
Децата не се начин да направите рај од вашиот брак. Тие се најголемиот тест за тоа колку е силен еден брак. Затоа не смеете да имате деца пред да бидете комплетно сигурни во љубовта и изборот на вистинскиот партнер. Тоа е рецепт за катастрофа.

Нема да ги изгубите мажените/женетите пријатели.
Откако ќе им мине фазата на меден месец, сè ќе се врати во нормала, па и покрај тоа што стапиле во брак ќе имаат време за да ви се јават и да испијат кафе со вас.

Независноста е привилегија. 
Сами сте и имате одврзани раце да постигнете неверојатни работи, да учите, да се надградувате и да правите работи без пред тоа да се консултирате со некого. Од патувања до промена на кариера, сè зависи само од вас. Не дека во добар брак го нема ова, но не во толкава мерка.

Бракот не е секогаш одговорот. 
Како што децата не се секогаш одговорот, така и бракот не е секогаш одговорот. Ако не научите како сами да пронајдете среќа додека сте сингл, тогаш нема да знаете како да го сторите тоа ниту кога сте во брак.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg