Магнет за добри фраери: Зошто некои девојки никогаш немаат лош дечко?
Ако мислевте дека само вие привлекувате „кретени“ во сопствениот живот, не сте единствените. Но, факт е и дека постојат жени на кои им оди многу подобро од вас.

Сите познаваме барем една таква дама. Секоја врска ѝ е прекрасна, а мажите не само се лепат како магнет за неа, туку се и навистина добри фраери. Во што е нивната тајна?

Зошто некои девојки никогаш немаат лош дечко? Тие знаат како да се однесуваат. Меѓутоа, знаат и како да не се однесуваат.

А, ова се златните правила да кои секогаш се придржуваат:
Ги избегнуваат мажите со нeдостаток на самодоверба.

Не толерираат лошо однесување.
Не ги слушаат зборовите, туку ги гледаат делата.

Од старт даваат до знаење дека очекуваат почитување.
Знаат што заслужуваат и не прифаќаат ништо помалку од тоа.

Очекуваат мажот да се потруди околу нив.
Кажуваат кога нешто не им одговара.

Не избрзуваат со сексот.
Не се плашат да бидат сами.

М. А. | Црнобело
