Најголеми грешки кои паровите ги прават за спас на врската

Во време кога речиси секој втор брак се завршува со развод, обидот за спасување на врската звучи како пристап за пофалба. Меѓутоа, сѐ има свои граници.

najgolemi-greshki-koi-parovite-gi-pravat-za-spas-na-vrskata-1.png

Зошто би останале во односот што не ве прави среќни, ниту вас, а ни партнерот? Понекогаш, раскинувањето е многу подобра одлука.

najgolemi-greshki-koi-parovite-gi-pravat-za-spas-na-vrskata-2.jpg

Сепак, постојат љубовни двојки кои упорно го одбиваат како опција. Бараат тронка надеж за спас, иако крајот е речиси неизбежен. И, прават катастрофално лоши грешки.

najgolemi-greshki-koi-parovite-gi-pravat-za-spas-na-vrskata-3.jpg

Најголемите грешки кои паровите ги прават за спас на врската се:

Глумат дека сѐ е во ред.

Прекинот на врската ги плаши и срами многумина, па попрво бираат да одглумат, дека баш сѐ им е како што треба. Тоа не подразбира само преправање пред роднините и пријателите. Паровите кои се трудат со игнорирање да ги решат своите проблеми, неретко глумат и кога се сами. Во четири ѕида.

najgolemi-greshki-koi-parovite-gi-pravat-za-spas-na-vrskata-4.jpg

Се одлучуваат за брак.

Сигурно познавате барем еден пар на кого од одамна не му оди. Едноставно – двајцата не се среќни заедно. Но, наместо веста дека ја прекинале врската, ќе ве изненади таа за нивната свадба. Кај одредени личности, стравот од раскинување е толку силен, што се спремни да ги преземат сите чекори, само за да го направат потешко изводлив. Бракот е меѓу најлошите, така што разводот е сосема извесна завршница на таквиот љубовен однос.

najgolemi-greshki-koi-parovite-gi-pravat-za-spas-na-vrskata-5.jpg

Прават дете.

„Многу ни е лошо во врската. Можеби ќе ни тргне на подобро кога ќе добиеме дете.“ Иако е очигледно дека пристапот е погрешен, голем број на луѓе сѐ уште вака размислуваат.Логично е дека детето нема да ве спаси, туку само ќе го одложи неизбежниот прекин. Ако не се сложувате добро кога сте сами, мошне неодговорно е да очекувате дека бебето ќе ве претвори во супер пар.

najgolemi-greshki-koi-parovite-gi-pravat-za-spas-na-vrskata-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
„Гледам порно филмови - како ми влијае тоа на бракот?“ (18+) „Јас имам 40 години и во брак сум 15 години, од пред извесен период почнав да гл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg