12 работи кои треба сериозно да ги дискутирате со партнерот пред да стапите во брак

Размислувате да стапнете на „лудиот камен“, законски да ја официјализирате својата врска, да запливате во брачните води.

12-seriozni-raboti-sto-treba-da-gi-diskutirate-pred-brak-01.jpg

Наречете го процесот онака како што милувате, но сепак, останува фактот дека пред да го направите овој чекор, потребно е да продискутирате неколку важни работи со партнерот.

И да, тие работи се многу поважни од утринските навики на личноста, кој каква музика слуша или дали јајцата повеќе ги сакате зготвени како кајгана или „на око“.

Впрочем, списокот е запрепастувачки долг, па најдобро е да почнете со време:

Како ќе ги поделите домашните обврски?

Бидејќи товарот не смее да падне само на едниот партнер. Секој треба да ги преземе оние обврски за кои смета дека е способен и ќе ги изврши без многу голема мака. Притоа, немојте да се водите стриктно според листата на „машки“ и „женски“ обврски.

Како ќе го планирате домашниот буџет?

Ќе имаме мои, твои или наши заеднички пари? Како ќе го раководиме буџетот и финансиите? Воедно, добро е отворено да разговарате за долговите кои ги имате кон банките или некои други места, за полесно да се справите со нив и да не влезете во бракот криејќи битни нешта, како финансискиот баланс.

Колку време ќе поминувате со фамилијата?

Дали сте од оние типови луѓе кои уживаат да ги поминуваат празниците во кругот на семејството или повеќе сакате да отпатувате некаде сами или со пријатели?

Доколку не сте компатибилни околу прашањето „блискост со фамилијата“ верувајте дека тоа ќе ви предизвика многу караници и нервози во иднина.

Како очекувате да ви изгледа годишниот одмор?

Дали очекувате помирен, пензионерски одмор или поактивен и авантуристички одмор? Подобро би било да ви се поклопуваат вкусовите барем малку, во спротивно ќе заминете на одмор заедно, но ќе го поминете одделно.

Прашања поврзани со религија и политика

Навистина е важно да сте на истата страница по однос на ова прашање кое може уште повеќе да ве зближи или оддалечи. Никој не вели дека е потребно да припаѓате на истата религиозна определба (или воопшто да припаѓате кон каква било), но потребно е да имате разбирање за преференците на партнерот.

Во истата категорија би ја сместиле и политиката. Добро размислете колку ви се поклопуваат политичките ставови и дали воопшто ги имате.

Дали сакате да основате семејство и да имате деца?

Ова е едно исклучително битно прашање, а многумина не се осудуваат да го дискутираат пред бракот. Некои луѓе не сакаат да имаат деца, други пак очекуваат да имаат 3. Сите избори се во ред, сè додека се поклопуваат со оние на партнерот којшто сте го одбрале.

Воедно, добро е да се разговара како би постапиле во случај на неплодност. Колку сте отворени кон прашањата наречени инсеминација, ин-витро, донатори или посвојување? Расчистете ги овие битни работи на време.

Зошто сакаш да се омажиш/ожениш со мене?

Навистина, зошто? И одговорот – затоа што си убав/а е неважечки. Доколку партнерот не може да наброи 5 добри сериозно причини зошто би сакал да биде во брак со вас, размислете добро дали сте го пронашле вистинскиот за вас.

Како ќе се справите со предизвикот наречен селидба?

Што ќе се случи доколку е потребно да се преселите во друго живеалиште, друг град или држава? Дали сте подготвени да направите некои отстапки или да живеете подалеку од вашето семејство?

Би се жртвувале ли за кариерата на другиот?

Дали доколку некој добие работна понуда која не може да се одбие, би ги ставиле ли сите свои обврски на stand by? Дали би можеле да функционирате со жртвите во името на кариерата, без разлика дали станува збор за сопствената или онаа на партнерот.

Колку ви е важен сексуалниот живот?

Потребно е да сте подеднакви компатибилно во креветот како и надвор од него. Всушност, какви се вашите очекувања од сексуалниот живот? Колку пати неделно – е доволно? Кои се вашите очекувања во поглед на сексот?

Што, според вас, може да стави крај на бракот?

Изневерување на довербата? Неверство? Лаги кои се повторуваат, неисполнети ветувања? Флерт со други личности? Добро е отворено да разговарате за какви работи би се осудиле да го оставите партнерот и да ставите точка на бракот.

Јас или мајка ти – прашање е сега?

Кој ќе има приоритет во врската–вашата мајка или сопруга? Вашиот сопруг или мајка ви?

Ова важи за обајцата партнери, особено доколку се премногу блиски со едниот од родителите. Тоа е сосема во ред, дури и убаво, но сепак, започнувате ново поглавје и потребно е да направите простор за партнерот со којшто сте одбрале да го делите остатокот од животот.

Дали планирате сопствената мајка да ја ставите пред неа/него?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
Знаци дека партнерот не ужива во сексот со вас (и што да направите околу тоа) Ако кај партнерите не постои спонтано допирање кое претходно постоело или прегра...
Зошто уште вечерва треба да ја пробате секс позата „стрелец“? (18+) Идеална е за оние парови што сакаат да го „извадат“ сексот од спалната соба и да...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg