10 работи кои покажуваат дека вашата врска ќе трае засекогаш

Имате исти ставови за интимните потреби

Ова е едноставно – нема да бидете среќни ако дознаете дека вашите интимни потреби нема да бидат задоволени редовно, како што вие сакате.

10-raboti-koi-pokazhuvaat-deka-vashata-vrska-kje-trae-zasekogash-04.jpg

Имате исти приоритети во животот

Тешко е двајца луѓе кои имаат различни приоритети да живеат заедно. На пример, ако жената сака да биде домаќинка, а вие не сакате да бидете единствениот кој ќе работи во семејството, тешко ќе биде да се најде компромис.

Или обратно, ако жената сака да ја следи кариерата, а мажот не се согласува со тоа, што понатаму?

10-raboti-koi-pokazhuvaat-deka-vashata-vrska-kje-trae-zasekogash-05.jpg

Двајцата сте подготвени за заедничка иднина

Ако девојката е подготвена за заеднички живот, а мажот се двоуми за запросување и го одолговлекува процесот, тоа може да биде многу разочарувачко.

Или пак, ако по бракот, сфатите дека едниот сака деца, а другиот воопшто не е заинтересиран во тој период за ширење на семејството, ќе настанат големи проблеми.

Затоа е важно двајцата да сте подготвени за заедничка иднина, во спротивно, зошто си го губите времето?

Заинтересирани сте еден за друг кога сте заедно

Дури и по долг период заедно, важно е да не западнете во монотонија и секогаш да најдете нешто што на двајцата ќе ви биде интересно.

Исто така, никогаш не смее да изгубите интерес еден за друг или за животот и случувањата во животот на партнерот.

Секогаш наоѓајте време еден за друг и поминете го без ништо да ве попречува во тоа.

Не се обидувате да се промените еден со друг

Ова најмногу важи за оние кои на почетокот на врската си рекле „Не ми се допаѓа многу карактерот, но ќе го сменам со тек на време“.

Заборавете на тоа. Бидете со некој заради тоа што го сакате каков што е, бидејќи никогаш нема да ви успее да го промените како што сакате.

Секој има свои ставови и начин на живот, а не е ваша работа да го менувате, и обратно.

10-raboti-koi-pokazhuvaat-deka-vashata-vrska-kje-trae-zasekogash-06.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg