3 обични работи кои сигурно ќе ви го подобрат сексуалниот живот (18+)

Понекогаш кога односите помеѓу партнерите се заладуваат, страста стагнира па не ви е баш дојдено до жешки сексуални игри во спалната соба.

3-raboti-koi-ke-vi-gi-podobrat-seksualniot-zivot-01.jpg

Доколку сте со план да го зачините својот запоставен сексуален живот, 3 сосема обични работи ќе ви помогнат во целта.

Еве што повторно ќе ја разгори страста под чаршафите:

Секси долна облека

Во спроведената анкета која опфатила 1.000 мажи и 3 можни одговори на прашањето – Што најмногу ве возбудува (валкани разговори, мастурбирање или секси долна облека), дури 92% од нив го одбрале одговорот под бр. 3.

Ова и не доаѓа како некое преголемо изненадување, нели? Време е да ја обновите својата долна облека и овој пат заборавете на комфорот и удобноста.

Дадете им предност на чипката, секси градниците со длабоко деколте и долната облека со проѕирни елементи.

3-raboti-koi-ke-vi-gi-podobrat-seksualniot-zivot-02.jpg

Лубрикант

Доколку мислите дека оние коишто користат лубрикант не се во ред, крајно време е да се ослободите од овие предрасуди.

Тој е одличен додаток кој најчесто ја забрзува и олеснува сексуалната игра. Имајте на ум дека постојат 3 видови на лубриканти – оние на база на вода, на база на силикон и на база на масло.

Лубрикантите на база на вода може слободно да ги користите во комбинација со кондомите, бидејќи не го загрозуваат нивното заштитно дејство.

Лубрикантите пак со силиконска база може да се употребуваат во комбинација со сексуални играчки и помагала. Имајте предвид дека оние лубриканти кои се базираат на масла ги уништуваат кондомите.

3-raboti-koi-ke-vi-gi-podobrat-seksualniot-zivot-03.gif

Вибратор

Вибраторот е како црниот мал фустан – едноставен додаток кој мора да го има секоја жена. Изборот е секако огромен, а додека купувате модел кој вам ви одговара вклучете го и партнерот во изборот и забавувајте се.

Ослободете ги своите инхибиции и дозволете страста да исплива на површината. Нема ништо табу и срамно во сопственото сексуално задоволство.

3-raboti-koi-ke-vi-gi-podobrat-seksualniot-zivot-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Понекогаш партнерот не успева да доживее оргазам - дали проблемот е во мене?“ „Гледајќи во лицето на мојот партнер забележав капка пот како се тркала по негов...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Психотерапевтот Стојан Мишиќ вели: „Само покрај жената, љубовницата има смисла - кога ќе ја снема же... „Од љубовницата мажот добива признание дека е алфа, но оној момент кога ќе прест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg