„Го заведов татко му од бес. Сега не можам да се ослободам од него.“

Одмаздничкиот секс не е никогаш паметна идеја. Особено со погрешната личност. А, покасно е предоцна за каење.

go-zavedov-tatko-mu-od-bes-sega-ne-mozham-da-se-oslobodam-od-nego-1.png

Ова на своја кожа го има почувствувано 22-годишната анонимна девојка, која побара совет како да излезе од мошне невообичаен љубовен триаголник. Понесена од поривот да му се одмазди на дечкото за прељубата, таа самата направила ужасна грешка, завршувајќи во кревет со неговиот татко.

„Пред два месеци, дечкото ме одведе во преубав ресторан, каде го прославиме мојот роденден. Јас имам 22, а тој 23 години. Подоцна отидовме кај него дома, па водевме љубов. Фантастично беше. Меѓутоа, следното утро доживеав шок. Ми рече дека има нешто да ми каже. Останав вчудовидена кога ми призна дека се гледал со уште две жени. И со нив имал секс.

Се каеше поради неверствата, бидејќи сфатил дека јас сум таа со која навистина сака да биде. Затоа и ми се исповеда за другите врски. Намерата му беше да почнеме сѐ одново. Не да бев лута – збеснав! Му реков да ми викне такси и си заминав. Цел ден ми ѕвонеше и праќаше пораки, а јас го игнорирав.

Вечерта му се јавив на неговиот татко и го поканив на пијачка. Изненаден беше, ама прифати. Тој има 43 години, но изгледа многу помладо. Не се заедно со мајката на дечко ми. Разведени се со години. Првин поседовме во кафуле, па се качивме во автомобилот. Додека возеше, му кажав што ми направи неговиот син. Тој ме бакна.

Ме праша и дали би сакала да одиме до кај него. Јас прифатив. Кога стигнавме, ме полазеа морници. Почна да ми се пушта. Рече знаел дека само прашање на време е кога ќе освестам дека го сакам него, а не син му. Не ми се допаѓаше. Сепак – завршивме во кревет. За време на сексот, ми се плачеше. Не можев да дочекам да побегнам од станот.

Уште истата вечер се смирив со дечкото. Иако знае дека пак сме заедно, тој постојано ми праќа пораки. Бара повторно да се видиме. Во последната и ми се закани. Напиша дека сѐ ќе му каже на синот, доколку не прифатам.

Што да направам? Да продолжам да се гледам со таткото, или, пак, сѐ да му признаам на дечкото?“

go-zavedov-tatko-mu-od-bes-sega-ne-mozham-da-se-oslobodam-od-nego-3.jpg

Ова се зборовите на девојката, чијашто интимна исповед ја објави порталот The Sun. Психотерапевтката и колумнистка, која им одговара на читателите под псевдонимот „Deidre“, пак, ја предупреди дека можни се две сценарија.

„Прво што треба да го направиш е да му кажеш на таткото на дечко ти дека нема да спиеш со него. И дека немаш намера да паднеш на неговата емоционална уцена.

Тој има себичен став кон жените и сексот. А, недостатокот на почит кон жените, дефинитивно му го пренел и на синот. Со тек на времето, ќе покаже и самиот такво однесување. Впрочем, веќе и го направил тоа, гледајќи се со други жени.

Ако му каже за вас двајцата, таткото ќе го загуби почитувањето на својот син. Па, да се надеваме дека ова е доволно, за да никогаш не му падне на памет да признае што сторил. Во таков случај, неговите закани немаат тежина. Биди цврста и одлучна. Дај му до знаење дека мора да престане со уцените.

Од друга страна, ако навистина мислиш дека ќе му каже, тогаш подобро е да дознае од тебе, одошто таткото. Пробај да му објасниш колку си била повредена поради неговите неверства.“                  

go-zavedov-tatko-mu-od-bes-sega-ne-mozham-da-se-oslobodam-od-nego-2.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Упатство за жени: Како да сакате маж? Правило за помнење: Во некоја ситуација тој ќе се однесува несоодветно, ќе биде ...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg