6 работи кои не треба да ги правите пред и за време на бакнување

Бакнувањето е навистина фасцинантен предмет за истражување, барем според научниците, а за нас останатите е само фасцинантно.

6-raboti-koi-ne-treba-da-gi-pravite-pred-baknuvanje-spored-naucnicite-01.jpg

Но, доколку ви треба мала помош тогаш оваа листа може одлично да ви се најде.

Доколку сте заинтересирани за неколку научни факти за бакнувањето продолжете да читате:

Не претерувајте со алкохолот

Иако, некоја чаша вино може да ви помогне да се опуштите и да ги смирите нервите на првиот состанок, претерувањето со алкохолот може да биде лоша идеја.

Бакнувањето ослободува исти хормони кои се добиваат при пиењето на алкохол. Сепак да бидете пијани од љубов е многу подобра варијанта. Нема да се разбудите мамурни и со празна меморија.

Не се плашете од црвениот кармин

Многу жени во исчекување на бакнеж ќе се премислат дали да стават црвен кармин, поради опасноста истиот да заврши размачкан по нивното и лицето на партнерот.

Но, науката вели дека всушност жените кои носат црвен кармин на состанок имаат повисоки шанси да заработат бакнеж на крајот од вечерта.

Не ја навалувајте главата на левата страна

Едно истражување направено на повеќе парови покажа дека две третини од луѓето ја вртат главата на десно при бакнувањето. Па, за да избегнете непријатна ситуација и чукање со главата искористете го овој суптилен трик и главата навалете ја на десна страна, а не на левата.

Внимавајте на лошиот здив

Ова е одличен совет без разлика дали очекувате бакнување или не. Можеби манирите не се на ниво на кое биле во минатото, но, без разлика на сè, лошиот здив ќе го одврати секој потенцијален партнер.

Погрижете се секогаш со вас да имате мастики, шеќерчиња или спреј за освежување на здив.

Не бидете вкочанети

Сите може да се почувствуваме нервозни на првиот состанок и тоа може дефинитивно да резултира во неколку непријатни ситуации. Но, никој од нас не би сакал да биде етикетиран како лош во бакнување.

Бакнувањето придонесува за зголемување на допаминот, кој може да ви помогне да се опуштите.

Не се бакнувајте доколку се чувствувате дека сте под притисок

Кога сте под стрес вашето тело ослободува кортизол. И иако бакнувањето може да ви помогне во намалување на стресот, доколку се чувствувате дека сте под голем притисок најверојатно нема да можете целосно да се препуштите и да уживате во моментот.

Затоа можеби е подобро бакнувањето да го оставите за некоја наредна прилика.

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Најголемите предизвици што ги носи бракот, а за кои никој не зборува, според жени „Најтешко е тоа што ќе го видите партнерот во неговите најлоши и најгрди моменти...
Жени кои биле во врска со богати мажи споделуваат искуства: „Сите мислат дека сум со него поради пар... „Мојот претходен дечко потекнуваше од богато семејство и беше многу мрзелив, себ...
Порака до моите бивши: „Ви благодарам што ме скршивте до точка од која сфатив - заслужувам подобро“ „Преживеав непочитување, ги игнорирав црвените знаци и се убедував себеси дека љ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg