6 типови на мажи кои нема да бидат добри сопрузи

Можеби звучи грубо, но како што има партнери кои се совршен „материјал“ за брак, постојат и такви што воопшто не се.

6-tipovi-na-mazhi-koi-nema-da-bidat-dobri-sopruzi-1.png

Верноста, искреноста, посветеноста, спремноста за компромиси и оставањето на егото настрана, претставуваат исклучително важни во брачната заедница.

За дел од припадниците на посилниот пол, ваквите особини се непознати поими, поради што не се пожелни избраници за животни сопатници.

6-tipovi-na-mazhi-koi-nema-da-bidat-dobri-sopruzi-2.jpg

Шесте типови на мажи кои нема да бидат добри сопрузи се:

1. Мажот кој ниту еднаш не се извинил

Фактот што тој одлучил да ја поминете иднината заедно, не значи дека му е жал, или, пак, се кае што ве повредувал во минатото.

Иако секому се случуваат грешки, човечка доблест е да се побара прошка за стореното. Особено кога ќе ѝ го скршите срцето на саканата личност.

А, мажот кој никогаш не ве удостоил со „извини“, не е достоен ни вие да му кажете „да“.

6-tipovi-na-mazhi-koi-nema-da-bidat-dobri-sopruzi-3.jpg

2. Мажот кој не умее да биде верен

Заблуда е дека после сите неверства во врската, ќе се случи некакво чудо по рипањето во тавче, па мажот одеднаш ќе се преобрази. А, дури и навистина да е така, жената никогаш не ќе може сосема да му верува на прељубникот.

Има ли смисла бракот без взаемна доверба помеѓу сопружниците?

6-tipovi-na-mazhi-koi-nema-da-bidat-dobri-sopruzi-4.jpg

3. Мажот кој постојано се става себеси на прво место

Во љубовта и бракот, некогаш е нужно сопствените потреби да ги спуштите на второ место, давајќи им приоритет и на желбите на другата половина.

Егоистите кои секогаш си се најважни самите на себе, па окупирани се исклучиво со личната добросостојба, не се способни да го направат ова. Напротив. Саможиви се и себични. Затоа и не се добри животни сопатници.

6-tipovi-na-mazhi-koi-nema-da-bidat-dobri-sopruzi-5.png

4. Мажот кој се служи со измами

Партнерот кому во крвта му е да „зезне“ некого за да стигне до брза и лесна заработка, не е личност на која може да ѝ се верува. Неговиот шеф го заслужил тоа?! Не, ова не е изговор, а ни оправдание.

Дури и вас лично никогаш да не ве измами за пари, секогаш постои опасност вие да го платите „цехот“ за туѓите (не)дела.

6-tipovi-na-mazhi-koi-nema-da-bidat-dobri-sopruzi-6.jpg

5. Мажот кој не сака да се фати за работа

Постои партнер што е комплетна спротивност на работохоличар. Мрза. Бадијалџија. Мрцина. Безделник. Како и да го наречете, ова е типот кого тешко е да го одлепите од троседот или фотелјата.

Дури и кога е моментално невработен, мажот може да придонесе во заедницата, преземајќи ги домаќинските работи или грижата за децата.

Не постои жена што ја воодушевува идејата таа да го издржува семејството, додека сопругот цел ден се излежува и гледа ТВ.

6-tipovi-na-mazhi-koi-nema-da-bidat-dobri-sopruzi-7.jpg

6. Мажот кој не знае да се носи со проблемите

Не за џабе постои делот „во добро и во лошо“ при давањето на брачните завети. Партнерот кој се исклучува и оддалечува штом се појави некаков проблем, нема да биде со вас тогаш кога најмногу ви треба.

А, ниту една жена не посакува сопруг на кого не може да се потпре, ни да смета во тешките мигови, зар не?

6-tipovi-na-mazhi-koi-nema-da-bidat-dobri-sopruzi-8.jpg

Постои ли лик што недостасува на листата? Сигурно ќе го прочитате во нашата статија за десетте типови на мажи, покрај кои жените нема да пронајдат вистинска среќа.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg