Машки изговори: Зошто ја изневерив бремената жена?

Не постои причина што може да ја оправда прељубата за време на бременоста. Сепак, неретко се случува, а припадниците на посилниот пол честопати ја префрлаат вината на сопствените сопруги.

mashki-izgovori-zoshto-ja-izneveriv-trudnata-zhena-1.png

Има ли нешто пострашно од неверството во врската? Да. Кога мажот ќе изврши прељуба, додека го жената очекува плодот на заедничката љубов.

Неодамна пишувавме за славните трудници кои останаа изневерени од емотивните партнери, откривајќи како таквиот чин се одрази на нивниот живот.

mashki-izgovori-zoshto-ja-izneveriv-trudnata-zhena-2.jpeg

Овојпат вниманието е свртено кон обичните луѓе од соседството. И тоа од перспектива на прељубниците. Неколку сопрузи отворено проговореа за неверството што тие го извршиле, дури жената им била трудна.

Како тие се обидуваат да ја оправдаат и објаснат својата постапка?

mashki-izgovori-zoshto-ja-izneveriv-trudnata-zhena-3.jpg

Ова се машките изговори за прељубата:

„Сопругата беше цело време лошо расположена во текот на бременоста. Многу се каравме. Веќе не можев да издржам. Излегов вечерта после работа на пијачка во кафуле. Почнав муабет со една девојка. Подоцна отидовме кај неа дома и спиевме заедно. Жал ми е, бидејќи жена ми беше трудна со нашата ќерка. Никогаш ѝ немам кажано за ова.“

mashki-izgovori-zoshto-ja-izneveriv-trudnata-zhena-4.jpg

„Кога таа беше во осмиот месец од бременоста, запознав една прекрасна жена на работа. Се вљубив до уши. Започнавме тајна врска, а сопругата ништо не ни насетуваше. Кога на свет пристигна нашиот син, некако ми дојде душата на место. Воопшто не се трудев да ја кријам аферата. Набрзо жена ми ги откри пораките од љубовницата на мојот мобилен телефон. Тоа ја скрши. А, јас конечно станав слободен човек.“

mashki-izgovori-zoshto-ja-izneveriv-trudnata-zhena-5.jpg

„Мене сопругата ми е и најдобра пријателка. Врската ни е супер, ама сексот не е. Кога таа затрудне, речиси и да не водевме љубов. Во тоа време пристигна нова колешка во компанијата каде работам. Една вечер се сплеткавме и завршивме во кревет. Ова ми беше најдобриот секс во животот. Уште сум во тајна врска со неа, ама си го сакам и своето семејство. Не знам што ќе направам.“

mashki-izgovori-zoshto-ja-izneveriv-trudnata-zhena-6.jpg

Едните не можат да ги поднесат караниците со намуртената трудна сопруга, па утеха бараат во туѓите прегратки. Другите запознаваат жена што ги разоружува со убавината, така што немаат моќ да се одбранат.

Третите, пак, тешко ја поднесуваат апстиненцијата за време на бременоста, поради што завршуваат во креветот на љубовницата.

mashki-izgovori-zoshto-ja-izneveriv-trudnata-zhena-7.jpg

Што мислите за ваквите изговори? 

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg