Три заблуди поради кои сè уште сте во лоша врска

Многу често, во име на поминатото заедничко време и на сите добри спомени и моменти, замижуваме пред реалноста и успеваме да се убедиме дека ни е добро во врската, иако постојат индиции дека, всушност, не е така.

tri-zabludi-poradi-koi-se-ushte-ste-vo-losha-vrska-001.jpg

Слична грешка прават и момците и девојките според кои „каква било врска е подобра од никаква“ и кои не знаат како да бидат сингл.

Вистината е дека се работи за лош пристап во врските и општо, во меѓучовечките односи и дека тоа воопшто не носи квалитетен љубовен живот.

Доколку се препознаете во некоја од следните три изреки и тврдења, тогаш големи се шансите дека толерирате лоша врска, иако за тоа навистина нема потреба.

„Различни сме, но спротивностите се привлекуваат“

Иако ова е апсолутна вистина кога е во прашање физиката, не секогаш важи и во љубовта. Целосно различни личности можат во даден временски период да функционираат навистина добро, секогаш доаѓа до момент кога токму овие различности можат да предизвикаат нетрпеливост и замор во меѓусебниот однос.

Кога разликите не се многу изразени, компромисот може да биде функционално решение, но премногу компромиси може да предизвикаат повеќе фрустрации, а помалку задоволства.

„Немаме хемија, но таа секако брзо поминува. Важно е што тој/таа е добра личност“

Ваквиот став најчесто се појавува по сериозен љубовен бродолом, кога, колку и да звучи грубо, стандардите се ниски, а повредената личност е подложна на лесно заљубување. Во тие случаи дури и пријателите и семејството се ангажираат да ве „спасат“, запознавајќи ве со други личности, за кои тврдат дека се симпатични, мирни, смирени, добри...

Затоа, може да се случи да дадете шанса, иако не чувствувате привлечност. Во прв момент, ова и не е толку страшно, бидејќи секогаш постои можност хемијата да се случи нешто подоцна, но ако тоа не се случи по неколку месеци и ако се чувствувате несреќни, тогаш не сте донеле вистинска одлука.

Тоа што некој е фин и добар не е доволно за врска, бидејќи љубовта е комплексен микс од различни фактори, меѓу кои и секако, физичката привлечност.

„Нервозен/на сум кога сум со неа/него, но тоа е нормално кога некој е вљубен“

Доколку и по неколку месеци не се чувствувате сигурно и пријатно во друштво на партнерот или неговите пријатели, тогаш нешто не е како што треба. Со партнерот треба да се чувствуваме пријатно, среќно и релаксирано, а нервозата е прифатлива на првите 3-4 состаноци. Сè потоа е само самозалажување.

Поради тоа, ако чувствувате несигурност или кое било друго чувство на непријатност, преиспитајте ја својата одлука и размислете дали вреди да останете во таа врска.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg