5 начини на кои го иритирате сопругот и го уништувате бракот

Вашиот брак зависи и од вашето однесување, престанете постојано да очекувате од партнерот да ги среди работите.

5-nachini-na-koi-go-iritirate-soprugot-i-go-unishtuvate-brakot-001.jpg

Може долго време правите деструктивни работи за вашата врска, но не сте свесни за тоа.

Љубовта во бракот може да ви ја уништат мали работи од кои никако да се откажете.

На кои начини го иритирате сопругот и го уништувате бракот?

Водите начин на живот, кој не можете да си го дозволите

Не внимавате на буџетот и не ги цените парите што ги носи во домот вашиот партнер. Постојано сте на шопинг и себично ги празните кредитите картички.

5-nachini-na-koi-go-iritirate-soprugot-i-go-unishtuvate-brakot-02.jpg

Постојано сте негативни

Ја мразите вашата коса, нередот во домот, сосетката, вашите колеги, старата машина за алишта... Штом вашиот сопруг влезе во домот, веднаш почнувате со жалби и поплаки.

Одбивате интимност

Мажите сакаат физички допири и интимност, а вие сексот го користите како алатка за казнување. На овој начин ја рушите вашата поврзаност и се оддалечувате еден од друг.

5-nachini-na-koi-go-iritirate-soprugot-i-go-unishtuvate-brakot-03.jpg

Ставате сè друго пред него

Пред него ви се децата, мајка ви, братучетка ви, пријателките, кариерата и на тој начин му испраќате јасна порака дека не ви е важен. Со години наназад ја рушите неговата самодоверба.

Не комуницирате правилно

Постојано му оставате некои траги и сакате самиот да погоди што мислите, а потоа се лутите дека не ве разбира. Бидете искрени со него и кажете му што не е во ред.

С. С.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg