„Зошто ја губам ерекцијата“ - 9 прашања кои најчесто им ги поставуваат на секс терапевтите

8-prashanja-koi-najchesto-im-se-postavuvaat-na-seks-terapevtite-zoshto-ja-gubam-erekcijata-02.jpg

„Дали сум здодевен/а во кревет?“

Многу луѓе се прашуваат зошто нивниот сексуален живот не изгледа како на филмовите за возрасни на телевизија. Не сфаќаат дека сексот и страста што ја гледаме на телевизија не е како во вистинскиот живот, туку сè е исценирано, со кореографија и план и соодветна глума за да се предизвика реакција кај гледачите.

Нема потреба да се чувствувате лошо и да имате нереални очекувања од акцијата во креветот, поради нешто од ТВ екраните кое не е реалност.

„Дали сексуалниот живот може да закрепне по неверство?“

Многу е тешко да се биде релаксиран и сексуално поврзан потоа, но е возможно. Откако се ранети луѓето често прават длабоки и сурово искрени разговори, кои водат кон поголема интимност.

Во хаосот мора да ја видите можноста. Многу секс терапевти велат дека имале искуства со двојки кои по закрепнување од неверство велат дека имаат искрена и силна врска како никогаш дотогаш.

„Колку пати неделно треба да имаме секс?“

Ова прашање најчесто едниот партнер го поставува за да му наметне на другиот партнер дека неговото однесување не е нормално. Но, проблемот најчесто не е само во сексот, туку има многу слоеви претходно.

Потребата да се биде ценет и сакан е приоритет, па дури потоа доаѓа желбата за секс. Редовниот секс носи здравствени придобивки, но за сексуалниот живот да биде интензивен мора да бидат решени многу други прашања.

8-prashanja-koi-najchesto-im-se-postavuvaat-na-seks-terapevtite-zoshto-ja-gubam-erekcijata-03.jpeg

„Зошто ја губам ерекцијата?“

Ерекцијата кај мажите и проблемите со навлажнетоста кај жените и неможноста да се постигне оргазам предизвикуваат анксиозност кај луѓето. Потоа таа анксиозност ги влошува работите дополнително и комплетно ја блокира личноста.

Мора да работите на тоа да го смирите умот со медитација и да се чувствувате комфорно во своето тело. Проблемите со самодовербата или траумите од некое сексуално искуство често се главната причина. Доколку имате ваков проблем, добро е да се зачлените на некоја група за поддршка.

„Зошто не можам да доживеам оргазам?“

Доживувањето на оргазам кај жените не смее да биде табу тема. Некои жени мислат дека едноставно не е возможно да доживеат оргазам. Но, дури и кога не можат да го достигнат врвот со вагинална пенетрација, тие можат со клиторисна.

Мора да го истражуваат своето тело и отворено да му кажат на партнерот што им причинува задоволство. Тие се сексуални суштества и нивната цел не треба да биде само задоволување на потребите на партнерот, туку и пронаоѓање на пат за комплетно уживање и препуштање во сексот.

С. С.| Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg