„Зошто ја губам ерекцијата“ - 9 прашања кои најчесто им ги поставуваат на секс терапевтите

Дали за сексот го знаете тоа што ви се сервира во медиумите, плус од разговорите со пријателите? Но, што кога ве мачат прашања кои поради срам не би ги поставиле никому?

8-prashanja-koi-najchesto-im-se-postavuvaat-na-seks-terapevtite-zoshto-ja-gubam-erekcijata-01.jpg

Кога станува збор за сексот и имате некои недоумици во главата, кому се обраќате?

Во многу држави низ светот, луѓето во вакви ситуации разговараат со секс терапевтите, а пак тие откриваат дека најчестото прашање кои им го поставуваат луѓето е: „Дали сум нормален/а“.

Зошто токму ова прашање и кои се другите најчести прашања кои луѓето им ги поставуваат на секс терапевтите:

„Дали сум нормален/а?“

Луѓето често се сомневаат околу нивната изведба во креветот, големината на половиот орган, неговиот облик, телесната миризба, нивната сексуална изведба, но се срамат да се консултираат за тоа со пријателите и се чувствуваат изолирано.

Има огромна палета на сексуални интереси и однесувања кои се нормални, без разлика колку чудно изгледаат. Сè е во ред сè додека двајцата партнери се согласни и чинот предизвикува задоволство кај нив.

„Како да си ја вратам сексуалната желба?“

Како стареат за многу луѓе сексуалната желба не е толку голема како кога биле млади и имале помалку обврски и одговорности. Веќе не посакувате толку спонтано да скокнете во креветот.

Но, секс терапевтите советуваат да обрнете внимание на „несексуалната“ интимност како милување по косата, бакнежи по вратот или допири на грбот. Тоа покажува дека се грижите еден за друг, плус може да доведе до возбуда.

Сексуалната желба е комплексна работа и минува низ нагорнини и падови и мора да се грижите на природен начин да го зголемите вашето либидо.

8-prashanja-koi-najchesto-im-se-postavuvaat-na-seks-terapevtite-zoshto-ja-gubam-erekcijata-04.jpeg

„Дали разменувањето на пораки со сексуална содржина е неверство?“

Со новата технологија имаме и нови проблеми. Многу луѓе се повредени од тајноста и лагите кога ќе дознаат дека нивниот партнер разменува пораки со сексуална содржина со трета личност.

Но, во ваква ситуација најважна е комуникацијата. Луѓето кои прават вакви работи најчесто чувствуваат срам и чуваат тајни околу нивните сексуални фантазии и потреби, па мора да се поврзете со партнерот и да му даде можност да биде отворен за своите сексуални желби.

„Дали може да го „поправам“ мојот партнер?“

Многу често мажот во бракот има поголема сексуална желба од жената или обратно, па луѓето бараат начин да го „поправат“ тоа. Но, различното либидо е нормална работа.

Плус, на ова може да влијае ако едниот партнер се чувствува игнорирано и потиснато во бракот. Работите треба да бидат фер, да има почит и еднаквост за да има поврзаност во бракот, а со тоа и обновување на сексуалната желба.

Уште 5 прашања на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg