„Дечко ми не може да постигне оргазам. Се чувствувам виновна.“

Неможноста за доживување оргазам кај мажите кои немаат никакви здравствени проблеми, најчесто произлегува од психички причини. Каква улога има партнерката во целата ситуација?

dechko-mi-ne-mozhe-da-postigne-orgazam-se-chuvstvuvam-vinovna-1.png

Ова е прашањето кое си го поставува и жената, чијшто дечко речиси никогаш не доживува кулминација на задоволството при водењето љубов. Таа ја има изгубено самодовербата, мислејќи дека е лоша во кревет.

„Сум читала доста за мажите кои не може да свршат во текот на сексуалниот однос. Но, откако и сама го искусив на своја кожа, навистина не знам како да се справам со оваа ситуација.

Со партнерот сме долго време заедно. Сексот отсекогаш ни бил проблематичен. Непријатно е за двајцата. Јас веќе ја загубив самодовербата во кревет. Имам чувство дека лошо се покажувам, па тоа е причината зошто дечко ми не може да постигне огразам.

Од друга страна, тој ми тврди дека ужива во сексот со мене. Ме уверува и дека немам никаква вина. Честопати се случува да водиме љубов, па среде акција едноставно да застане. И го прекинува односот.

Вели дека и порано се соочувал со истото, а за време на првиот брак му било уште полошо. Се колне и дека ми е верен и не гледа порно филмови. Каде е тогаш проблемот?

Понекогаш и успева да сврши, ама тоа се преретки моменти. Се љубиме и мошне блиски сме како пар, но сè почесто избегнувам да сум интимна со него, бидејќи знам како ќе се чувствувам подоцна.“ 

dechko-mi-ne-mozhe-da-postigne-orgazam-se-chuvstvuvam-vinovna-2.jpg

Приказната за нејзиниот интимен проблем ја објави весникот The Guardian, по што доби одговор со совети од психотерапевтката специјализирана за лекување на сексуални нарушувања.

„Проблемот не е до тебе, така што не треба да си го земаш лично. Постојат мноштво причини поради кои мажот не може да доживее оргазам. За ова постојат и третмани. Најдобро што може да направите е да го поттикнеш да побара стручна помош. Има мажи кои се едноставно растроени.

Можно е поради структурата на мозокот лесно да го губи фокусот, или, пак, низ главата да му проаѓаат разни мисли и слики, коишто влијаат дестимулативно на него. Првиот наведен пример се јавува кај луѓето со нарушување на вниманието, додека вториот им е својствен на оние што на некаков начин биле трауматизирани.

Неретко мажите не можат да свршат затоа што се загрижени или нервозни – додека стравот дека нема да постигнат оргазам дополнително ја влошува ситуацијата. Некогаш проблемот е во самата техника. Некои мажи не знаат која положба може да им помогне, а се плашат да експериментираат.

Како би ја покажала твојата подготвеност да помогнеш, пожелно е да му поставиш и неколку прашања од типот на: „Што би можела да направам за да ти се зголеми возбудбата?, „Сакаш ли да испробуваме разни пози, па да видиме во која од нив ќе бидеш највозбуден?,  „Сакаш ли да играме некакви секси улоги?“ или „Што мислиш за секси играчки?“.

На повеќето мажи им е потребно да доживеат задоволство, без да размислуваат дали ќе постигнат оргазам, или, пак, не. Обидете се да развиете пристап без очекувања додека водите љубов. Можеби баш ова е тоа што му треба.“

dechko-mi-ne-mozhe-da-postigne-orgazam-se-chuvstvuvam-vinovna-3.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Бон-тон правила во сексот што секоја културна жена треба да ги знае (18+) По сексот секогаш бидете подготвени да си заминете, освен ако партнерот не ви ка...
3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg