Ако не одговорите со „да“ на двете прашања – вашата врска нема иднина

Не сте сигурни во кој правец ви се движи односот со партнерот? Постои начин да ја дознаете вистината.

ako-ne-odgovorite-so-da-na-dvete-prashanja-vashata-vrska-nema-idnina-1.png

Сите мечтаат романтичната врска да им трае вечно и засекогаш да се среќни со животните сопатници. Меѓутоа, реалноста неретко не соодветствува на желбите и очекувањата.

ako-ne-odgovorite-so-da-na-dvete-prashanja-vashata-vrska-nema-idnina-2.jpg

Постојат случаи во кои љубовта едноставно исчезнува. А, има и такви кога едниот, или, пак, двата партнерa веќе не се сигурни дали нивната врска е она што навистина го сакаат.

ako-ne-odgovorite-so-da-na-dvete-prashanja-vashata-vrska-nema-idnina-3.jpg

Доколку се наоѓате во ваква ситуација, лесно може да си ја разрешите дилемата. Потребно е да си поставите две прашања и искрено да дадете одговор на нив.

ako-ne-odgovorite-so-da-na-dvete-prashanja-vashata-vrska-nema-idnina-4.jpg

Ако не е потврден, тогаш вашата врска баш и нема некаква иднина, па веројатно е време да ја прекинете. Одговорете со „да“ или „не“ на овие две прашања:

Да не сте долго време заедно, дали би oстанале во врската?

Мноштво парови остануваат еден со друг, само затоа што имаат чувство дека вложиле многу во односот, па нема шанси така лесно да го прекинат. Ова честопати резултира со несреќни врски.

Помислата е следната: „Низ што сѐ не поминавме заедно. Не може сега да раскинеме!“. Со други зборови, кога веќе сте пателе во минатото, тогаш не смее да се предадете, туку мора да се борите за врската и во иднина.

ako-ne-odgovorite-so-da-na-dvete-prashanja-vashata-vrska-nema-idnina-5.jpeg

Меѓутоа, колку подолго трае оваа борба, толку потешко ќе ви паднат последиците од раскинувањето. Ако не сте сигурни дали врската е добра за вас, запрашајте се дали би останале во неа и да сте само неколку недели заедно.

Одговоривте со „не“? Можеби е најдобро да се разделите.

ako-ne-odgovorite-so-da-na-dvete-prashanja-vashata-vrska-nema-idnina-6.jpeg

2. Да се разбудите сингл, дали би излегле со сегашниот партнер?

Ова прашање ќе ви открие дали сте со вашиот дечко, или, пак, девојка, само затоа што ви е страв дека ќе ги повредите кога би ги оставиле.

Ако и во соло варијанта го сметате партнерот за привлечен, па одново може да си замислите дека сте заедно, тогаш тоа е добар знак.

ako-ne-odgovorite-so-da-na-dvete-prashanja-vashata-vrska-nema-idnina-7.jpg

Но, ако не гледате ништо кое би ве привлекло кај него, кристално јасно е дека жарта помеѓу вас е одамна згасната.

И време е за промени.

ako-ne-odgovorite-so-da-na-dvete-prashanja-vashata-vrska-nema-idnina-8.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш) Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg