Ситуации кои мажите не ги поднесуваат, а жените им ги приредуваат во кревет

Со прекумерниот труд и желбата да бидат „совршени љубовници“, девојките неретко ги преплашуваат своите партнери. 

situacii-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-1.png

Кога станува збор за сексот, припадничките на понежниот пол честопати се пречувствителни и пресамокритични, или, пак, со превисоки очекувања. На сопствена штета – секако.

Сакајќи максимално да го задоволат партнерот за време на интимните односи, се случува да го постигнат спротивното. Склони се кон претерувања, кои едноставно им се одбивни на момците.

situacii-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-2.jpg

Ова се деветте ситуации кои мажите не ги поднесуваат, а жените им ги приредуваат во кревет:

Кога глуми оргазам...

Како што за жените би било студен туш сознанието дека партнерот е „актер“ во кревет, истото важи и во обратното сценарио. Сечија желба е и втората половина да биде среќна и задоволна во спалната соба. Сепак, лажењето не е решение, особено во функционалните врски. Внимателниот маж секако ќе забележи кога оргазмот е чиста глума.

situacii-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-3.jpg

Кога цело време му дава инструкции...

Да - за мажот може да биде мошне возбудливо ако жената му каже каде да ја постави неговата рака и што да прави со неа. Но, исто така може да биде и прилично обесхрабрувачки, доколку не му дозволи да направи ништо по свое. Со постојано давање совети и упатства, само вршите притисок врз партнерот.

situacii-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-4.jpg

Кога пререкува за неговата издржливост...

Понекогаш се случува партнерот прерано да доживее оргазам, или, пак, сексот да трае предолго. Пожелно е жената во такви ситуации да се воздржи од критики и коментари на сметка за неговата издржливост.„Сврши?!“ или „Уште ли не си готов?“, изговорени со разочарувачки или прекорен тон на гласот, веројатно се најнеомилените прашања кои може да им ги поставите на мажите во кревет.

situacii-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-5.jpg

Кога насила вреска и воздивнува...

Иако порно филмовите оставаат поинаков впечаток, мажите всушност претпочитаат автентичност, а не копија на сцените од споменатиот жанр. Па, нивото на гласност треба да е прилагодено на ситуацијата. Никако насила и кога нема основа. И сексот во тишина може да биде подеднакво возбудлив.

situacii-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-6.jpg

Кога воопшто не е креативна...

Имагинацијата е од полза и во долгогодишните врски со задоволителна интима. Ова не е никаква новина. Ако повремено ја напуштите комфорната зона, долевате масло на сексуалниот оган. И тоа важи за двајцата партнери во постелата. 

situacii-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-7.jpg

Кога е преоптоварена со сопствениот изглед...

Се чувствувате пријатно додека спиете со партнерот? Одлично. Тогаш мора да заборавите на сите евентуални „телесни недостатоци“. Ова се однесува и на него. И, не – не е нужно да го изгаснете светлото во спалната соба. 

situacii-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-8.jpg

Кога без причина ќе му забрани нешто...

Добро е кога партнерот знае што ѝ се допаѓа, а што не на неговата втора половина. Во крајна линија – ова е темелот за исполнет сексуален живот. Но, константните неосновани забрани за време на односот, сигурно нема на никого да годат. „Не тука!“ и „Немој!“ се фрази кои мажите нејќат да ги слушнат во кревет. Тоа не значи дека треба да одите против личната волја. Само водете отворени разговори и расправете ги своите причини однапред.

situacii-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-11.jpg

Кога хистерично се смее...

Нeма сомнеж дека е прекрасно кога паровите слатко се смеат. Меѓутоа, хистеричната смеа среде највозбудливиот момент од сексуалната игра, нема врска со забава, туку најчесто ја уништува сета драж во постелата. Што и да ви е толку смешно – сочувајте го за подоцна.

situacii-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-9.jpg

Кога напнува да збори или прави нешто кое не го пали...

Постојат мажи кои ги возбудуваат „безобразните“ муабети во кревет. А, има и такви на кои им е просто и одбивно. Додека едни обожаваат доминантни жени, другите не сакаат да бидат потчинети. Кога сте во квалитетна врска, важно е да знаете на која група ѝ припаѓа вашиот партнер.

situacii-koi-mazhite-ne-gi-podnesuvaat-10.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg